ТАТКОВИНАТА ПОД ВОДСТВО НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ТОНЕ ПО СИТЕ ОСНОВИ!

 

Шарените лаги на предавниците секојдневно се разобличуваат. Виси датумот за преговори со ЕУ. Силните ветувања на ЕУ спонзорите на Заев пред неуспешниот референдум дека експресно ќе влеземе во ЕУ ако капитулираме, сега станаа критики за корупција и неисполнети реформи. Ништо од ветувањата кои наводно му ги дала Меркел на Заев во јануари. Фолсваген ја заобиколува Македонија, заклучно со мај реализацијата на капиталните инвестиции е само 13,7% или од предвидените 420 реализирани се минимални 58 милиони евра. Јавниот долг е 5,2 милијарди евра, Државниот долг изнесува 40,5% од БДП. 

 

НЕ ЈА ПОТЦЕНУВАЈТЕ ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА НА НАРОДОТ! НЕ МОЖЕ СИТЕ ДРУГИ ДА СЕ КРИВИ И НЕСПОСОБНИ САМО ЗАЕВ ДА ЧИНИ!

 

Се повидливо е дека Заев се мачи. Секој нов јавен настап, изјава или интервју го зачинува со нови нереални ветувања со кои мачно се обидува да ги подигне очекувањата на јавноста. А пусто никој веќе не му верува! Се што претходно кажа не се остварува! Срамно и потценувачки е да тврди дека Тевдовски направил добри реформи а дрско го разрешува и се номинира себеси за Министер за финансии. Згора, најавува дека ќе смени 200 функционери директно посочувајќи дека незадоволството на гласачите е од локалните шерифи на СДСМ. А кој ги избра и Тевдовски, другите Министри, Градоначалници, Директори, Пратеници…? Заев лично и никој друг! Крајно поразително и срамно е да се обвини досегашниот Заменик министер Атанасов, кој поднесе оставка, дека тоа го сторил затоа што не станал Министер за образование! Па до вчера му беше член на највисокото партиско раководство и му ја напишал програмата за образование! Неофицијалните информации кои кружат во партиските кулоари на СДСМ дека речиси никој не му се нафаќа на Премиерот да биде Министер за финансии е најпрецизната порака за дереџето на кое се паднати Заев, Шекеринска, Спасовски и Димитров! Во агонија се!

 

ОВАА ИСЛУЧИТЕЛНО СРАМНА ЕПИЗОДА ОД МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА ЌЕ ЗАВРШИ! ДОАЃА ПЕРИОД ВО КОЈ ЌЕ РАБОТИМЕ НАПОРНО ЗА ДА ГИ ПОПРАВИМЕ ТЕШКИТЕ ШТЕТИ КОИ НИ ГИ НАПРАВИЈА ПРЕДАВНИЦИТЕ! ЗНАЕМЕ КАКО И МОЖЕМЕ ЗАЕДНО И СПЛОТЕНИ ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА ТАТКОВИНАТА! 

 

ДОСТА Е ОД СРАМНИ КОМПРОМИСИ! НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ НИКОЈ ПОВЕЌЕ ДА НЕ ПОНИЖУВА!

 

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА! НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                   Претседател,

                                                                                          МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА                    

SHARE