Министерката за надворешни работи на Норвешка Сореиде во работна посета на земјава

Министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка Ине Ериксен Сореиде денеска ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија. 

Во рамките на посетата министерката Ериксен Сореиде ќе се сретне нејзиниот колега, министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Како што соопшти МНР, се очекува фокусот на разговорите да биде на нашето полноправно членство во НАТО, како и динамиката и развојот на македонско – норвешките билатерални односи.

За време на работната посета министерката Ериксен Сореиде ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *