НЕГАЦИЈАТА И ОСПОРУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СТАНА ОФИЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА НА БУГАРСКАТА ВЛАДА! ЗАЕВ БАДИЈАЛА БАРА ОД МЕРКЕЛ ГАРАНЦИИ ЗА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ДО КРАЈОТ НА 2019 КОГА ИМА ПРОБЛЕМ СО БОРИСОВ! ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ ВО ГРЦИЈА ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМ И СО МИЦОТАКИС!

 

Македонската Алијанса уште еднаш го повикува Заев да се изјасни дали е точно тврдењето на Захариева дека се согласил на нивната уцена дека Гоце Делчев е Бугарин? Немакедонската Влада им призна на Грците монопол на Александар Македонски, се откажа од Македонците во Егејска и Пиринска Македонија, се согласи со Бугарите заедно да се чествува Илинденското востание, им призна дека имаат право на Цар Самоил, Кирил и Методиј, им удоволи на Грците на сите споменици да им се стават плочки дека се од хеленско потекло, ги смени имињата на аеродромот и автопатот, си зема обврска за ревидирање на Македонската историја и факти во преговори со Грчки и Бугарски историчари. Нема да не биде чудно дека Заев ветил уште срамни отстапки?

 

КАДЕ СЕ СЕГА ВЛАДИНИТЕ МЕДИУМСКИ ГАВАЗИ ШТО МАНИПУЛИРАА И ГИ НАРЕКУВАА ПРЕДАВСТВАТА СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА ДИПЛОМАТСКИ ПОБЕДИ? КОЛКУ ВРЕМЕ ВИ ТВРДИМЕ ДЕКА И ГРЦИТЕ И БУГАРИТЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПРИЗНААТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ? ЗА НИВ СЕКОГАШ ЌЕ ОСТАНЕМЕ ВЕШТАЧКА ТИТОВА ТВОРБА И ТВРДАТ ДЕКА ПОСТОИМЕ ОД 1944! ЗАРЕМ И НА СПОМЕНИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ПАРКОТ ЌЕ ТРЕБА ДА МУ СТАВИМЕ ПЛОЧКА ДЕКА Е БУГАРИН? И ХИМНАТА ЛИ ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВА?

 

СЕ ОДМОТУВА КЛОПЧЕТО! ВЕЛЕВМЕ ДЕКА ДОПРВА ЌЕ БОЛАТ ПРЕДАВСТВАТА СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА! ПРЕДУПРЕДУВАВМЕ ЗАЕВ ДА НЕ СЕ ЗАЛЕТУВА! ТРЕБАШЕ ДА СЕ СЕТИ НА ЛЕКЦИИТЕ НА ГЛИГОРОВ И ЦРВЕНКОВСКИ! И ТОГАШ НЕ ЛАЖЕА – СМЕНЕТЕ УСТАВ, ЗНАМЕ, ПРИФАТЕТЕ ПЈРМ И ЌЕ ВЛЕЗЕТЕ ВО ЕУ И НАТО ПА ДОБИВМЕ ГРЧКО ВЕТО БО БУКУРЕШТ! СЕ ПОВТОРУВА ИСТОРИЈАТА СО СДСМ! САМО ШТО СЕГА ЌЕ ДОЖИВЕАТ ТЕЖОК ПОЛИТИЧКИ НОКАУТ ОД МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА!

 

СЕГА ТРЕБА ДА СЛЕДИ ИТНА СЕСИЈА НА МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ НА КОЈА МАКЕДОНИЈА ЕДНОСТРАНО ЌЕ ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА, ПРЕКУ АКТИВИРАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 13, ТОЧКА 3. ТОА ТРЕБА ДА БИДЕ ВОВЕД ВО ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА И ВРАЌЕЊЕ НА СЕ ШТО Е СВЕТО И МАКЕДОНСКО!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

SHARE