Пратеници од германскиот Бундестаг во работна посета на земјава

Пратеници од германскиот Бундестаг денеска ќе бидат во работна посета на Собранието на Република Северна Македонија.

Како што соопшти собраниската прес-служба германските пратеници ќе се сретнат со претседателот на Собранието Талат Џафери, со Владимир Ѓорчев, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија и членовите и со Шпреса Хадри, член на Комисијата за европски прашања и Антонијо Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика и членовите од двете комисии.