Македонскиот виртуоз Симон Трпчески предизвика бурни овации во концертната сала во Сао Паоло во Бразил.
Маестро Трпчески пред преполната сала ја изведе познатата македонска песна „Не си го продавај Кољо чифликот“, во обработка на композиторот Драган Шуплевски.
Концертот на Трпчески заврши со бурни овации од публиката, а тој и вети дека на следното гостување ќе го претстави неговиот комплетен проект Македонисимо во Бразил и во други земји во Латинска Америка.
Видео >>> кликни тука <<<