Во тек градежните работи за асфалтирање на последната делница од патот Центар Жупа-ХЕ„Глобочица“

Општина Центар Жупа,  освен инфраструктурната поврзаност со општина Дебар, набрзо  ќе го заокружи и проектот со кој со нов асфалтен пат ќе се поврзе и со општина Струга.

Станува збор за патниот правец  Центар Жупа-ХЕ „Глобочица“ во должина од 21 километар, кој е целосно пробиен и асфалтиран на три делници, Центар Жупа-Новак, Новак – Елевци и Долгаш-ХЕ„Глобочица“ а сега почнаа работите за асфалтирање на последната делница Елевци-Долгаш.

-Во тек се подготвителните активности  за асфалтирање на делницата Елевци-Долгаш во должина од 4,5 километри. Патот ќе биде широк  3,5 метри  а ќе бидат поставени и  соодветни банкини. Предвидената инвестиција е 360.000 евра, средства СЕ обезбедени од Светска банка преку Министертвото за финансии, вели Фјорим Веселоски претстваник на општина Центар Жупа.

Додада дека ГП „Илинден“ работите ги реализира според планираната динамика и се очекува набрЗо да почне и со асфалтирање.

Заокружувањето на овој прокет е многу значајно за општина Центар Жупа, бидејќи Струга и Охрид се многу поблиску отколку до сега, кога жителите од оваа општина мораа да минуваат двапати подолг пат преку Дебар.

И локалната власт, но и бизнисот од оваа рурална општина оценуваат дека патот ќе има позитивен ефект врз економскиот развој на општината.

-Со неговата изградба оваа општина ќе биде многу поблиску и до аеродромот во Охрид, што значи многу за жителите од овој крај кои главно се печалбари. Нивнот избор на овој аеродром, меѓу другото и поради близината ќе значи многу и во зголемувањето на бројот на патниците. Само во Италија има над четири илјади жители од Жупа, а од нив околу една третина во родниот крај доаѓаат со авионски превоз, вели  Аријан Ибраим, градоначалник на општина Центар Жупа, кој беше на увид на градежните работи.

Подобрената патна инфраструктура секако придонесува и во развој на туризмот бидејќи ова подрачје располага со многу природни убавини, а во селото Коџаџик  се наоѓа и Спомен куќата на таткото на современа Турција, Мустафа Ќермал Ататурк, од каде потекнува неговиот татко Али Риза ефенди.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *