Соопштение за 2 години немакедонска Влада

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е САРДИСАНА ОД СИТЕ СТРАНИ! ОДБЕЛЕЖУВА 2 ГОДИНИ ОД ИНСТАЛИРАЊЕТО НА ВЛАСТ А ВЕЌЕ НА ПОЛОВИНА ФУНКЦИОНЕРИ ИМ СЕ ПЛАЧЕ! ЈА ЧУВСТВУВААТ АТМОСФЕРАТА И ЗНААТ ШТО ЌЕ СЛЕДИ!

 

Ај што ќе бидат со црни букви запишани во историјата како најголеми предавници туку немаат ни политичка среќа. Се повеќе се соочуваат со фактот дека токму од тие кои беа инсталирани на власт, ќе бидат пуштени низ вода! Немакедонската Влада ќе биде запаметена по раздавање на Македонските национални интереси и душманското предавање на се што е Македонско и свето. Насилното поставување на Џафери за втор човек во Државата, лажното вметнување на Рамковниот Договор за конститутивен елемент во Македонскиот устав, откажувањето од нашите браќа и сестри во Егејска и Пиринска Македонија се гревови кои оваа генерација на СДСМ ќе ги следи до крај. Бадијала се обидуваат да зборуваат за економија, социјала и инвестиции!

 

Нова Демократија победи на локалните избори во Грција и тоа сериозно загрижува. Македонската Алијанса со месеци предупредува за ризиците. Евентуалното одложување на датум за почеток на преговори до ЕУ, значи дека следната расправа ќе биде со Мицотакис на чело на новата Грчка Влада. Ако тој цела кампања темели со закана за ново вето за Македонија, јасно е дека е можно да не ја видиме ЕУ најмалку во наредните 10 години.

 

Иако политиката и спортот не се мешаат, еуфоријата од втората Европска титула на Вардар многу кажува. Македонската нација ја освои Европа и почуствува масовна потреба да ја испрати пораката НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА! Колку и да сакаат Пендаровски, Заев, Димитров и Шекеринска политички да се офајдат од огромниот спортски успех на Вардар, факт е дека Македонската спортска гордост пркоси на предавствата со Бугарија и Грција! Нека погледнат изродите колку Македонци го истакнуваа древното Македонско сонце од Кутлеш! Пораката е гласна, ние не сме хибридна нација создадена од Тито во 1944 година. Ниту Грците, ниту Бугарите, туку Македонците се споменуваат во Библијата.

 

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА Е ИДЕНТИТЕТСКИ СВЕСНА И ПОДГОТВЕНА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ! СЛЕДАТ ВАЖНИ НАЦИОНАЛНИ ОДЛУКИ! СЕ ШТО МАКЕДОНСКО И СВЕТО ЌЕ СИ ВРАТИМЕ НАЗАД! БЕЗ КОМПРОМИСИ И ШТЕТНИ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ!

 

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *