Македонските градови се и натаму потонати во смог и неопходни се ригорозни мерки против загадувањето. Потребни се интервентни набавки на опрема за уништување медицински и друг биолошки отпад во Дрисла, пречистувачи на воздух, апсорбери на чад од оџаци на домаќинствата, филтри на индустриски оџаци и слична опрема. Ова се неопходни и полезни инвестиции во здравјето.
Паралелно, треба да се преземат или засилат мерките, кои значат реорганизација во однесувањето на институциите, правните субјекти и граѓаните.
Финската студија за загадувањето на воздухот во скопскиот регион од 2016 година покажа дека извори се: 32 отсто загревањето на домаќинствата, 20 отсто сообраќајот, 19 отсто градежништвото и 18 отсто индустријата. Затоа од денес до крајот на февруари да важат итните мерки:
– Пар- непар (за да биде поефикасен бесплатниот јавен превоз)
– Забрана за тешки товарни возила низ град
– Забрана за возила под Еуро 4 стандард
– Затворање на градилиштата
– Преполнување на производството или затварање на загадувачки погони
– Редовно собирање на отпадот
– Редовно миење на улиците
– Зголемени инспекциски контроли на општинските и државните инспектори за животна средина
Уште зимово треба да се почне со среднорочните мерки:
– Пропишување листа на дозволени горива во домаќинствата и индустријата (со забрана за нееколошки пелети со лепила).
– Субвенции за печки на пелети, сончеви панели за топла вода, изолација на домовите
– Субвенции за вградување плински уреди во возилата што загадуваат
– Субвенции за хибридни и електрични возила
– Зголемување на возниот парк во јавниот превоз со електрични автобуси.