Џафери очекува дека ќе има кворум за гласање за законот за јазиците

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува дека во четврток ќе има кворум кога треба да се гласа за Законот за јазиците.

Во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24, Џафери одговарајќи на прашања рече дека по донесувањето на Законот за јазиците ќе ги води пленарните седници онака како што пропишува законот.

– На албански или македонски во зависност од тоа на кого ќе му се обратам. Во основа тоа значи дека по донесувањето на законот можам да ја водам седницата на албански, но на оној на којшто ќе му се обратам доколку нема слушалки, а не е Албанец, ќе му се обратам, на оној јазик на којшто ќе ме разбере, рече Џафери.

Во врска со патните трошоци и злоупотребите направени од страна на некои пратеници, Џафери посочи дека Собранието нема истражни надлежности и нема право да истражува. Рече дека има идеи, но не и предлог или иницијативи за промена на правилниците.

Во врска со името, рече дека Владата е таа која е задолжена да ги води преговорите и оти доколку се постигне договор тој ќе биде ратификуван во Собранието бидејќи се работи за документ со меѓународен карактер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *