СДСМ: Единствено Мицкоски не се радува на успехот на земјава

Единствено Мицкоски не се радува на успехот на земјава, му стана навика да премолчува за успесите на државата, економијата се движи во добра насока

Додека сите ги препознаваат и честитаат за успешните реформи и најпозитивниот Извештај на Европската комисија, Христијан Мицкоски се уште не собра храброст да ја поздрави безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стана навика да ги премолчуваат успесите на државата.

По години стагнација, во изминатата година прикажан е напредок во развојот на економијата, имаме поголем економски раст а директните странски инвестиции од 625 милиони евра исто така беа рекордни.

Реалните податоци ја потврдуваат успешноста на економските политики и реалното придвижување на економијата. Мицкоски покажува основно непознавање од економијата.

Растат платите во сите сектори, а постојано расте и просечната плата која во март 2019 година е повисока за 3,8 отсто во однос на истиот месец во 2018 година и изнесува 24.580 денари. Забележан е раст на индустриското производство кое во првите четири месеци од 2019 е поголемо за 7,9 отсто споредено со истиот период во 2018, а расте и извозот и бројот на работниците во индустријата.

Ова само дел од економските показатели што ја докажуваат успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ, што е нотирано и во Извештајот на ЕК, каде прецизно стои дека по години стагнација земјава повторно има економски раст.

Република Северна Македонија продолжува напред колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *