МОНТЕЛА ДОБИ ОТКАЗ

Раководството на Милан реши да му се заблагодари за соработката на тренерот Виченцо Монтела, откако на домашен терен “росонерите” одиграа без голови со екипата на Торино.

Трпението на раководството дојде до својот крај. Имено, поради лошата форма во која се наоѓа Милан, за смена на Монтела се зборуваше повеќе од еден месец, но сепак конкретни чекори не беа преземани. Овој нерешен резултат по се изгледа ја “прели чашата”.

Како можен наследник барем според италијанските медиуми, се споменува Џенаро Гатузо.

По 14 одиграни кола, Милан заостанува зад водечкиот Наполи цели 18 бода.