МЕРКЕЛ И МАКРОН НЕ СМЕАТ ДА ЈА ПУШТАТ МАКЕДОНИЈА НИЗ ВОДА! БАРАМЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СЕГА И ВЕДНАШ! ДОСТА НИ Е ОД ТАПКАЊЕ ПО РАМО И НОВИ ЛАЖНИ ВЕТУВАЊА!
Европската Комисија во заминување испорача повторно извештај со препорака за отпочнување на преговорите со Македонија до Европскиот Совет. За жал, речникот со кој се служат Могерини и Хан потврдува дека Македонија и Албанија и покрај заложбите сепак се третираат во пакет. Безобразно сакаат одговорноста за евентуалното одлагање на гласањето и утврдувањето на датум за преговори да го префрлат на Германија, Франција, Данска и Холандија. Ги пече совеста!
ЕУ НЕ СМЕЕ ДА ПРОДОЛЖИ СО ЛИЦЕМЕРИЕТО КОН МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ!
Пред неуспешниот референдум, во Македонија се редеа Европски функционери кои ја убедуваа Македонската нација да ги прифати предавствата со Бугарија и Грција истакнувајќи дека тоа ќе ни овозможи брза интеграција во ЕУ. Да не се лажеме, проектот за насилно инсталирање на оваа немакедонска Влада беше од нив смислен и со нивно покровителство спроведен. Пендаровски, Заев, Димитров и Шекеринска посветено ги спроведуваат предавствата верувајќи дека НАТО и ЕУ перспективите можат да бидат лек за раздавањето на Македонските национални интереси. Затоа сега се во грч, ги завладува стравот дека е можно да се злоупотребени и искористени.
ДОСТА НЕ ЗАПЛАШУВАТЕ СО НОВИ КРИЗИ! ИЛИ ПРИМЕТЕ НЕ ВО ЕУ ИЛИ ТРГНЕТЕ ГИ КАНЏИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА!
Ако не дај боже Македонија не добие датум за преговори во јуни-јули, тогаш изродите ќе мора ВЕДНАШ да ја понесат политичката одговорност затоа што дозволија да бидат насамарени. Приказните дека октомври или понатаму ќе ни се одреди датум се гола вода. Ако идниот Грчки Премиер, Мицотакис цела кампања тера со закана за ново вето за Македонија, јасно е какви се ризиците да не ја видиме ЕУ во наредните 10 години. На сите да им е јасно. Татковината е ставена на раскрсница како многу пати во последните 3 децении. Ние не сме хибридна нација создадена од Тито во 1944 година. Македонците се споменуваат во Библијата, ниту Грците, ниту Бугарите. Сите политички сили во Македонија ќе се уверат дека единствена солуција за сигурна иднина е да си вратиме се што е наше и Македонско. Без компромиси. Македонската династија мора да биде возобновена со сите национални атрибути. Во блиска иднина во Македонската политика не смее да има место за лица без интегритет и храброст за важни одлуки. Предавниците ќе завршат срамно! Македонската нација не е сама. Се уште има политичари со визија, знаење и искуство за вистински одлуки за силна и обединета Македонија!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА