СДСМ: Најпозитивен извештај од ЕК за напредокот и безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ

Најпозитивен извештај од ЕК за напредокот и безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ како потврда за успешност на реформите, продолжуваме напред

Напредокот во реформите, решавањето на децениските прашања, лидерството, домаќинското и одговорно работење, се препознаени и вреднувани од Европската комисија.

Република Северна Македонија го доби најпозитивниот Извештај од Европската комисија за напредокот на државата во процесот на интеграција во Е и се посочува како „светол пример“

Чистата и безусловна препорака од страна на ЕК за почеток на пристапните преговори е признание за реформите, за историските и храбри чекори на Владата предводена од СДСМ кои обезбедија помирување и партнерство со соседите, вистински и реални реформи кои носат добро за граѓаните и обезбедуваат фер општество за сите.

Преку единство, домаќинско и одговорно работење државата е на вистински пат, Република Северна Македонија продолжува напред.

Најпозитивниот Извештај и безусловната препорака за почеток на преговорите се доказ за успешните процеси, но и дополнителен мотив сите капацитети да се стават во функција на реализација на интеграцијата во ЕУ, што е децениски национален и државен интерес.