Јавен повик на Општина Битола за културно лето „БитФест 2019“

Општина Битола го објави јавниот повик за учество во програмата на годинашното културно лето „БитФест 2019“.

Јавниот повик е за манифестации и проекти од областа на културата, кои локалната самоуправа ќе ги кофинансира, за што се обезбедени 4 милиони денари.

Од Општина Битола информираат дека финансиски ќе се поддржат настани со музичко и музичкосценска уметносттеатарликовна уметност, видео,фото  и филмска уметностлитературафолклор и нови уметности.

Право на учество на јавниот повик имаат физички лица, правни лица, здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата со седиште во Општина Битола, а доколку апликантот е со седиште во друга општина, проектот треба да се реализира и презентира на територијата на Општина Битола.

Јавниот повик завршува на 7 јуни.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *