ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ  ДЕЛ  II

Aкадемик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 9

 

 

 

Етимолошки зборот Дауни произлегува од Дан или Зан, кои се коси падежи од  зборот Зевс или Дие. Зевс бил крал на боговите и луѓето, а негови деца биле Аполон, Артемида, Атена итнт. Во антиката, горниот дел на најголемата река на Балканот и Европа на латински се викала Danubius, додека, пак, долниот дел се викал Истар (Istros).

****************

Зборот Данубиус е кованица од генитивната форма на зборот dandanu (бог-на бог) и bios-живот. Покрај Нил и Фасис, од античките географи Дунав е означен како една од најголемите реки во светот.

Значи, Данубиус означува Божја река на животот каде живееле Подунавците, т.е. Дануните. Како народ Дануните се споменуваат и подоцна, на пример во египетскиот натпис во храмот Мединет Хабу во Теба, во знак на благодарност кон Рамзес III кој во 1194 година пред Христа ги одбил непријателските напади на “народот од море” и копно.

Меѓутоа подоцна, речиси по десет века повторно и тоа за последен пат, Хиперборејците се евидентирани во античката историја за време на наездата на Келтите во Македонија и Грција. Келтите имале цел да го ограбат Аполоновото светилиште во Делфи. Во есента 279 година пред Христа. Келтите, под команда на Бренон, биле поразени од македонската војска. Во оваа борба учествувале и Хиперборејците (Дануните) под команда на Лаодок (Паусанија, Х,23, 2).

Во понатамошната историја се губи етнонимот Хиперборејци од хоронимот Хипербореја, за жителите и територијата меѓу Дунав и балканските планини. Меѓутоа, се јавуваат синонимите Миси и Мези за полпулацијата на овој дел од Балканот. Етимолошки Мисите, Моесите или Мезите имаат основа од мис, mios-глушец, или mio-да затвори, односно мис, латински musculus-мускул.

Меѓу тројанските сојузници (Х, 430) се набројуваат “Теонците, Карците, прекрасните Пелазги, Кауконците, Ликијците и жестоките Мишани (т.е. Мези”. Тој истотака, во ХIII (5) песна, за Мишаните зборува како за “борци од блиску”. Страбо (VII, 3, 2 – 10) смета дека тие биле европски Мизи кои за време на римските освојувања биле познати како Мези.

Во Хомеровиот период, под името Мисија (Мизија) постоела и покраина во сверозападна Мала Азија, која се простирала од Есеп до Олимп, а потоа се делела на Голема и Мала Азија.

Еден од кралевите во областа Мизија бил Теутрант (онај кој крши), во долниот дел на реката Кајка (северен ветер). Каишката рамница била најплоден дел од Мизија. Него го наследил Телеф-далеку и уфос-маж, јунак, основач на пергамската кралска лоза. Владеел со Месија кога Грците тргнале во Тројанската војна. Се борел јуначки и ги потиснал Грците во лаѓите, но бил ранет од Ахил. Кога раните му биле излечени, во втората грчка експедиција, Телеф среќно ја довел нивната флота до брегот на Троја. Судбината на Телеф е предмет на обработка во трагедиите на Софокле.

Децата на Телеф се Тархон, Тирен и Рома (сила, храброст). Тоа се оние кои ги воделе Етрурците во областа на средна Италија, подоцна наречени Тиренија и Етрурија(Страбон, V, 2,2). Истовремено тоа е период кога Дануните и Мезите се преселиле од Подунавје и централно-балканските простори во Мала Азија; во миграциските бранови на народите исчезнале Хетитите, меѓу XIII и XII век пред Христа, но секако пред Тројанската војна. Дел од Дануните ја населиле Киликија, Бригите мигрирале во Фригија или Горгија, Мезите во Тројада и Сирија, беотите од јужен Пинд во Дриопија, која подоцна, според нив, е наречена Беотија, Теспротите од Додона во Тесалија и т.н.т.

Современите истражувачи на Сахара тврдат дека пронашле бледокожни Нубијци во Египет, кои велат дека потекнуваат од Дунав. Во тие бурни времиња и племето Мосни, од пределот на Поречка Река кај Горни Милановац на Дунав, каде и сега постои селото Мосна, мигрирало во Мала Азија на Црното Море, западно од Трапезунт, по името Мосиники. Ова име го добиле по тоа што живееле во дрвени куќи слични на кули. Мосиники е кованица од: дрвена кула, куќа, дом, родно место, татковина. Гревс (1990 година, 244) изнесува дека Бригите во Македонија уште се викале Мојсинеци, што упатува на заклучок дека дел од оваа популација мигрирале во околината на Преспа.

Некои келтски племиња во IV и III век пред Христа основале населби во долината на Сава и Дунав, од кои позначајни се Сингидунум (Белград) и Капедунум (Ужице). Тие биле и носители на културата на младото железно доба (Powell, 1989 година).

Пред крај на владеењето на Август, од 15 година по Христа, Мезија била римска провинција која подоцна била поделена во два дела, на Горна и Долна Мезија. Горна Мезија (Moesia Superior), главно е денешна потесна Србија. Долна Мезија (Moesia inferior) се простирала спрема исток до Црното Море и од Дунав до планината Балкан.

Дотогашното тракиско кралство престанало да постои во 45 година по Христа,  под Клаудиј (41-54 година по Христа). Еден нејзин дел и’ припаднал на Мезија, додека од другиот дел била оформена прокураторска провинција. Задачата на Легиите кои се наоѓале во Мезија била да ја чуваат земјата на долниот Дунав од упадите на Варварите.

Од Мезија Римјаните преземале експедиции за понатамошните освојувања. Мезија претставувала главна сообраќајница меѓу Исток и Запад и важен центар во политичките збиднувања. По убиството на царот Филип Помладиот (Iulius Philippus Augustus, 247-249), римските трупи го прогласиле Дециј за цар на Мезија, кој подоцна бил убиен во Долна Мезија во борба против Готите.

Мезија дал поголем број римски цареви кои ги вратиле моќта и славата на ослабената Римска Империја. Покрај тоа, тие својата родна земја Мезија (Подунавје) повторно ја направиле средиште на цивилизираниот свет. Современите археолошки истражувања откриле величенствени римски царски градови, како што се Naisus (Ниш), Sirmium (Сремска Митровица), потоа големи палати, како што се Felix Romuliana (Гамзиград) и Шаркамен.

Најпознатите римски цареви од Мезија биле императори: Messius Decius (249 – 251), познат по првиот општ прогон на христијаните во целото царство; Dominitius Aurelianus (270 – 275) прв римски цар кој се нарекол господар и бог (dominus et deus), обновувач на старите светилишта во Рим и идеолог кој сакал колебливата царска власт да ја зацврсти со давање верско обележје. Следат Aurelius Probus (276 – 282) познат, меѓу другото, и по проектот за реформи заради издигнување на земјоделието и Aurelius Maximianus (286 – 305 и 307 – 310).

Што се однесува до судбината на староседелците, посебно од Подунавјето, за време на масовните селидби на Словените во VI век, тие  можеле да опстанат само засолнувајќи се во некои приморски делови и на непристапните балкански планини. Периодот од VI – VIII век е еден од најмрачните во историјата на Полуостровот, токму поради оскудните археолошки и пишани податоци.

Така, етнонимот Мези повторно се јавува во текот на XII век во историјата на ИРЦ, во периодот на превласт на военото благородништво и внатрешниот крах на царството. Во тој период, етничкиот состав на населението бил многу сложен: “Варварите од планинските подрачја на Балканот, кои порано се викале Мезијци, сега се викаат Власи. Според тоа, се наметнува дека жителите на стара Мезија во тој период се нарекувале Власи. Овој назив немал само етничко значење, туку служел како општ белег за пастирските племиња”. ( Остроговски, 1969 година, 378).

 

Продолжува

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *