Османи во Унгарија и Хрватска по поддршка за евроинтеграцијата

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Унгарија во рамки на која ќе се сретне со државниот министер за европски работи при канцеларијата на премиерот и унграски претставник во Европската Унија, Саболч Такач, како и со министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

Како што соопштија од СЕП, Османи од Унгарија ќе замине за Хрватска, каде утре ќе се сретне со министерката за надворешни и европски прашања, Марија Пејчиновиќ Буриќ, како и со претседателот на Комисијата за европски прашања во хрватскиот Сабор, Домагој Иван Милошевиќ.

Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на земјите од Западниот Балкан, интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, како и поддршката од страна на Унгарија и Хрватска за земјава во пресрет на клучните европски самити во јуни.

Вицепремиерот Османи на 30 мај (четврток) ќе престојува во работна посета на Италија, а наредниот ден ( 31 мај, петок) и во Белгија. Во рамки на посетите предвидено е Османи да оствари повеќе средби со претставници на државниот врв од двете земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *