Соопштение за победата на Кирјакос Мицотакис на Евроизборите во Грција

ЗАКАНАТА ЗА НОВО ГРЧКО ВЕТО СТАНУВА РЕАЛНОСТ!

 

Победата на Мицотакис на Евроизборите, растот на ултра радикалите „Златна Зора“, констатацијата на Каменос дека Ципрас го „закопа“ Договорот од Преспа, го дефинира политичкиот амбиент во Грција. Следуваат предвремени парламентарни избори на кои победата на „Нова Демократија“ е извесна. Идниот Грчки Премиер, Мицотакис не пропушта ниту една прилика да се закани со ново Грчко вето за отворањето на ЕУ поглавјата за Македонија!

 

РЕЗУЛТАТИТЕ НА ЕВРОИЗБОРИТЕ НЕ СЕ МАШАЛА! ПОБЕДИТЕ НА ЛЕ ПЕН, САЛВИНИ, ФАРАЖ, ОРБАН Е ПОТВРДА ДЕКА ЕВРОСКЕПТИЦИТЕ СЕ ВО ПОДЕМ! ТОА ЌЕ ГО ЗГОЛЕМУВА ПРИТИСОКОТ ВРЗ СИТЕ ОНИЕ КОИ ГО ПОДРЖУВААТ ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ!

 

Пендаровски, Заев, Димитров и Шекеринска треба да и соопштат на Македонската нација каков ќе биде нивниот одговор ако не дај боже Македонија не добие датум за отпочнување на преговорите. Сите памтиме како пред референдумот бевме оркестрирано убедувани дека предавствата со Бугарија и Грција ќе ни обезбедат екпресно придвижување кон ЕУ! Членството во НАТО незначително овозможува економскиот раст! Цела економска политика на немакедонската Влада се темели на очекувања за инвестиции и подобрување на животниот стандард како резултат на отворање на поглавјата со ЕУ.

 

УТЕШНИ НАГРАДИ НЕ ПРИФАЌАМЕ! ПРЕДАВНИЦИТЕ ЌЕ ПОНЕСАТ ОДГОВОРНОСТ АКО СЕ ПОТВРДИ ДЕКА БАДИЈАЛА ГО СМЕНИЈА СВЕТОТО МАКЕДОНСКО ИМЕ И ПРИФАТИЈА ХИБРИДЕН ИДЕНТИТЕТ!

 

Македонската Алијанса тврди дека можевме да обезбедиме полноправно членство во НАТО Алијансата без предавството на изродите. Требаше да се опстои на меѓународните норми. Инаку, Македонија повеќе од една деценија се однесува како да е дел од НАТО, затоа што АРМ е дел од сите мировни операции. За време на правно-политичката битка за заштита на светото Македонско име и идентитет, Татковината е заштитена со билатералниот стратешко-безбедносен договор со САД склучен во времето на Претседателот на САД, Џорџ Буш.

 

НИЕ СМЕ СЕКОГАШ ПОКРАЈ СВОЈОТ НАРОД! НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА! СЕ Е ШТО Е МАКЕДОНСКО И СВЕТО ЌЕ СИ ГО ВРАТИМЕ НАЗАД! ИМАМЕ ПОЛИТИЧКА СИЛА, ЗНАЕЊЕ ДА ОДРАБОТИМЕ ЗА ТАТКОВИНАТА!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *