Писмена реакција за „метлата“ во СДСМ

НА ГРАЃАНИТЕ НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ ЗА КАДРОВСКИТЕ КОМБИНАЦИИ ВО СДСМ! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ДЕЛЕГИТИМИРАНА И НИТУ ЕДНА КАДРОВСКА МЕТЛА НЕ МОЖЕ ДА ГО СМЕНИ ТОЈ ФАКТ!

ВНАТРЕШНАТА ПРЕСМЕТКА ВО СДСМ НЕ Е УТЕХА ЗА ИЗНЕВЕРЕНИТЕ ОЧЕКУВАЊА КАЈ ГЛАСАЧИТЕ!

 

Ако ја следиме народната поговорка „рибата смрди од главата“, ТЕАТАРОТ со смената на кадрите кои Заев самиот ги избра е тотална утка. Не може Претседателите на општинските организации, Потпретседателите и Извршниот Одбор на партијата да бидат помалку криви од Заев и Шекеринска. Сите тие ги следат политиките и директивите на нивниот шеф, кој очигледно сеуште не е свесен за сопствената одговорност.

 

ЗАЕВ ТРЕБА ДА ГО СЛЕДИ ПРИМЕРОТ НА ПАВЛЕ КОЈ НЕМОЖЕЈЌИ ДА ГО ИЗДРЖИ ПРИТИСОКОТ НА ЈАВНОСТА, ДАДЕ ОСТАВКА! „МЕТЛАРОТ“ ТРЕБА САМИОТ ДА СЕ ИЗМЕТЕ И ДА ГО ВРАТИ ЛЕГИТИМИТЕТОТ НА ГРАЃАНИТЕ! ПОВЕЌЕ ОД 700 000 ГРАЃАНИ НЕ ГИ ОДОБРУВААТ ПРЕДАВСТВАТА СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА! ТОА НЕЗАДОВОЛСТВО СЕКОЈДНЕВНО СЕ ЗГОЛЕМУВА! НА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ ЌЕ СЕ СООЧИ СО СУРОВАТА РЕАЛНОСТ!

 

Нашите браќа и сестри Македонци во Пустец им одржаа лекција на домашните предавници како се брани и негува идентитетот. Денот на Сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј беше посветен на Големиот Македонец Стерјо Спасе кој целата своја професионална определба ја посвети на негување на Македонскиот јазик. Голем придонес во збогатување на библиотеките во училиштата каде се изучува Македонскиот јазик има Ѓорѓи Стојчевски и неговото семејство.

 

ТАКА СЕ СЛАВИ И СЕ БРАНИ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ КАДЕ МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА ЈА ДОБИВА ДОВЕРБАТА ОД ГЛАСАЧИТЕ!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *