МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА

  Според пишаните документи, митрополитот Кирил беше еден од столбовите на опстојувањето на МПЦ-ОА во период од четири и пол децении. Тој, како прв надлежен архиереј на Американско – канадско – австралиската и Полошко – кумановската епархија беше еден од највлијателните владици на МПЦ-ОА и сѐ што правеше беше во интерес на македонскиот народ насекаде по светот и во Република Македонија

Во долгата и богата сага на временските, духовните и мисионерските мозаици на Македонската православна црква, Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), силно е врежано и како голем печат е втиснато во просторот и децениите, името и делото на надлежниот архијереј на Полошко-кумановската и Американско-канадско-австралиската епархија, Неговото високопреосвештенство, митрополитот Кирил.

Тој беше еден од потврдените столбовници на афтокефалните визионерски бликови на нашата Светиклиментова македонска православна црква, која своите корени ги има од пред два милениума со библиската Светипавлова мисија. Ги има низ дамнешните постаменти на ризниците на Охридската архиепископија, збогатувани и пренесувани низ делата и заветот на свети Климента, свети Наума, и се’ така зачувани до поглаварот Доситеја, и еве вознесувани дo ден-денешен со поглаварот Стефан, вклучувајќи ја и десна рака на митрополитот Кирил, како првиот надлежен архиереј на Американско – канадско-австралиската и Полошко – кумановската епархија.

Kirila2Kirila3

Митрополитот Кирил со своите свештеници

Инаку, Полошко-кумановската епархија е формирана во 1971  година од Светиот архијерејски синод на МПЦ. Одлуката била потврдена и од Црковно-народниот собор на МПЦ, одржан три години подоцна во манастирот Света Богородица во Калишта, Струшко. На овој собор биле извршени промени и дополнувања на Уставот на МПЦ, a како прв надлежен архијереј на оваа Епархија е именуван митрополитот Кирил.

Една и пол деценија тој администрираше со Американско-канадско-австралиската епархија, а од 1986 година, па се’ до неговото упокојување, митрополитот Кирил беше надлежен архијереј на Полошко-кумановската епархија.

Првата средба со верниците на оваа Епархија ја оствари на 28 август 1971 година во Тетово, на големите празници Успение на Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир, а втората, наредниот ден во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. Така, митрополитот Кирил ги постави цврстите темели на својата Епархија и почна да ги собира и организира верниците во нивните парохии, за нивната редовна богослужба, а паралелно со тоа и за ревитализација на црковните објекти.

Co оглед на неговите обврски како надлежен архијереј на Американско-канадско-австралиската епархија и неговото често отсуство од земјата, администрирањето со Полошко-кумановска епархија го издигна до степен на максимална одговорност на секој поединец од свештеничкиот и свештено-монашкиот ред, но важна беше и посветеноста и придонесот на членството во епархиските и црковните одбори.

Kirila4    Kirila5

Св. Богородица во Гостивар                                   Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане

Од самото формирање во Полошко-кумановска епархија беспрекорно функционираат сите органи и тела на Епархијата која се состои од пет архијерејски намесништва: Тетовското, Гостиварското, Кумановското, Кратовско и Кривопаланечкото. Неколку години Велешката епархија беше во состав на Полошко-кумановската. Епархијата обединува преку 150.000

верници.  Преку петте архијерејски намесници и преку црковните и манастирските одбори, се координираат работите на црковно – духовен и финансиско-материјален план.

Во Полошко-кумановската епархија има над 220 цркви, четириесеттина манастири, шеесеттина параклиси и култни места на кои се поставени околу 200 крстови, покрај кои, секоја година се собираат, по разни поводи, голем број православни верници.

Во Тетовското архијерејско намесништво над седумдесет цркви, десеттина манастири, десеттина параклиси и еден крст. Во Гостиварското архијерејско намесништво се подигнати педесеттина цркви, десеттина манастири, над дваесет параклиси и четири крстови. Во Кумановското намесништво има околу осумдесет цркви, петнаесеттина  манас, петнаесеттина параклиси и 120 крстови. Во Кратовското архијерејско намесништво се евидентирани петнаесеттина цркви, три манастири, десеттина параклиси и дваесеттина крстови, а во архијерејското намесништво Крива Паланка има петнаесеттина цркви, два манастира, десеттина параклиси 50 крстови.

По повод 2000-годишнината од христијанството во оваа Епархија се изградени околу десет милениумски крстови. Во Епархијата постојано се ангажирани четириесеттина активни и неколку пензионирани свештеници.

Под раководството на митрополитот Кирил, во текот на неговото пастирствување во Епархијата се изградени 26 цркви, 11 манастири, а обновени се 69 православни храмови. Освен тоа, изградени се објекти за крштевка и за задушница. Во голем број цркви и манастири извршени се целосни санациони и реставраторски работи и тие се заштитени  од руинирање и пропаѓање. Во сите овие зафати се инвестирани повеќе од десет милиони евра.

Kirila6

Во дворот на Лешок

Под водството на митрополитот Кирил и на негова лична иницијатива, на Шар Планина е изграден манастирот „Свети Наум Охридски“. За жал, во август 2001 година, Лешочкиот манастир беше оштетен, чија обнова со огромен напор на митрополитот Кирил, на МПЦ, како и други институции од Република Македонија и од други земји, тој е повторно обновен. Инаку, штетите врз низа црков ни објекти во Полошко-кумановската епархија, се огромни. Оскрнавени и опожарени беа околу 30 цркви и манастири. Покрај „Свети Атанасиј“ кај Лешок, страдаше и манастирот „Света Богородица“ кај с. Матејче, Кумановско.

Сепак, нема сила која може да го уништи мозаикот на највредните цркви и манастири во оваа Епархија, меѓу кои со своето историско и уметничко значење, се издвојуваат многу од нив вброени во непроценливата културна македонска ризница.

Продолжува

c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН