ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ  ДЕЛ I

Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

Дел 8

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ 

ДЕЛ I

 

 

Многубројните митови говорат за врските на Хиперборејците со останатиот митолошки свет, а пред се’ со центарот на аполоновиот свет. Според легендата, Хиперборејците на Дел (корен: di, dios-бог, а, исто така, deelos и dilos-очигледен) пратиле две девојки Хиперборејки, во придружба на пет свои сограѓани, да однесат заветени подароци завиткани во слама.

**************

Тие девојки биле Хипероха (hiper-ocha-високо достоинство) и Лаодика (laos-народ иdiki-праведна). Бидејќи девојките на островот умреле, а придружниците не се враќале, Хиперборејците во наредните години ја промениле маршрутата и даровите им ги носеле на Скитите за нивните соседи  да ги пренесат понатаму до Јадранско Море.

Оттаму, преку Епирската Додона (најголемото Зевсово светилиште), островите Еубеја и Киклатските Острови, ги носеле на Дел.. Хиперборејките Хипероха и Лаодика биле погубени во Артемидиниот храм, каде биле погребани и нивните сонароднички Арга и Опида. Во спомен на Хиперборејките, девојките и момчињата од малиот остров Дел, пред венчавањата ставале прамен од својата коса на нивните гробови (Херодот,IV,33-35).

Во малата општина на Атика во Пазијаца е Аполоновиот храм. “Велат дека таму стасуваат првите плодови на Хиперборејците, дека Хиперборејците им ги предаваат на Аримаспите, тие, пак, на Иседонците, а од нив Скитите ги праќале во Синопа, откаде Хелените ги пренесувале во Празија, а Атињаните ги праќале на Дел. Првите плодови биле покривани со пченична слама и никој не смеел да ги види.” (Паусанија, I,31)

Пиндер (Олимпија, III, 31) тврди дека само неколку смртници доспеале во земјата на Хиперборејците, освен божицата Атина, која го однела Персеј, аргиски херој, крал на Олинт и Микена, откако и’ ја отсекол главата на Медуза.

Меѓу посетителите на Хипербореја бил и Херакло, син на Зевс и Алкмена, најславниот елински јунак. Прогонувајќи ја срната на Артемида, со златни рогови, стасал далеку на север, се’ до реката Истар (Дунав), кај Хиперборејците. Живеел зад ветрот на Бореја и оттаму ги пренел прекрасните маслинки во Олимпија на Пелопонез. Роговите од срната ги посветил на храмот на Артемида. (Паусанија, V, 7).

Поетот Олен од Ликија, прв во својата химна за Ахеја (која тагува, придавка на божицата Деметра во Африка) рекол дека Ахеја дошла на Дел од Хиперборејците. Потоа Меламп од Кума, во одата за Опа и Хекаерга пеел дека тие дошле на Дел од Хиперборејците пред Ахеја (Паусанија, V, 7). Истиот автор понатаму тврди дека основачи на Делфинското пророштво биле Хиперборејците (V, 5):”Беа, жена од тој крај, која за Делфицијте составила една химна, рекла дека пророштвото на богот го основале оние кои дошле од Хиперборејците: Олен и други; дека Олен прв почнал да претскажува и пее во хексиметар”. Ова се стиховите на Беа:

 

“Ова пророштво кое добро се сеќава на се’,

го основале Хиперборејците Пагаз и прекрасниот Агијеј”.

 

Наведувајци и други Хиперборејци, на крајот на химната го споменува Олен:

“И Олен, кој прв во Феба (Аполон) станал пророк

Од стихови стари составил прв песнички”.

 

Следни гости на хиперборејските храмови биле Клинид и Крез (Antonius Liberalis, II-III, век пред Христа, во Metamorphosis). Клеенид (Kleinos-славен, светол, племенит) бил богат и побожен жител на Месопотамија од околината на Бабилон и бил многу познат како почитувач на Аполон и Артемида. Тој често доаѓал во храмот на хиперборејскиот Аполон, каде видел дека на богот му се жртвуваат магариња. Подоцна него Аполон го претворил во еден вид орел.

Побожниот Крез (560-546), кој бил последниот владател на моќната држава Лидија во Мала Азија и најбогатиот владател на светот, ја доживеал честа да биде гостин на блажениот хиперборејски народ. Митовите за Хиперборејците биле омилени и во Италија, меѓу Питагорејците (Dionisius Helicarnassensis, околу 30 година пред Христа во Antiquitates Roamanae I,43). Питагора (околу 550 година пред Христа), Филозоф од Сама, себеси се сметал за инкарнација на хиперборејскиот Аполон.

Покрај тоа, се сметало дека кралот на Лација во Италија, по име Латин (Latinus) и епонимен херој на Латините роден од љубовта на Хиперборејката Паланта (кованица: pallo-ниша и anthos-цвет) и Херкул. Тој Паланта ја донел од Хипербореја во Лација како заложник и пред таа да се омажи за кралот Фаун, го родила синот Латин.

За Хипербореецот Абарид (кованица од а-негација и varis-тежок, т.е. avaris-лесен, неоптоварен, Херодот (IV, 36) истакнува дека не земајќи храна, со стрела во раката ја обиколил целата земја, Паусанија (III,13 ) опишувајќи ја историјата на Спарта од мистичниот до хеленистичкиот период, како и нејзините споменици, пишува дека храмот на Кора-Спасителката, го изградил Абарид. кој дошол од земјата на Хиперборејците, односно на Тракиецот Орфеј. Исто така, за Абарид се раскажува дека бил чудотворец и пророк (Пиндар, 522-446).

Исто така, се верувало (Херодот IV, 13 и натаму) дека волшебникот и поет Аристеј (Aristos-најдобар) од Проконез на Мраморното Море, околу 540 година пред Христа, седум години ги минал со Аполон во земјата на Хиперборејците, бил син на Аполоновиот свештник Каустробиј. Во своето дело “Аримасписки песни”, Ариестеј ги опишал земјите на Иседонците и Аримаспите и дал податоци за Хиперборејците. Исто така, се смета за еден од авторите на теогонијата. Како крал на Хиперборејците се спомнува Забил (кованица: за-многу и via- сила, телесна сила). (Stephanos Biz, Galeoti).

Неговата ќерка Темисте (Themistevo-да се дели правда), со богот Аполон ги добила синот Галеот (Galeotis, од галео-морско куче, односно риба санјарка). Тој, пак, со Хиперборејката Телмиса (кованица од: thelo-земја, решителен и misos-омраза) отишол во прочуеното светилиште во Додон на консултации. Тамошното пророштво им наредило еден да тргне на исток, друг кон запад и да се населат на местото каде што орел го украл месото на жртвуваното  животно. Темис отишол на исток во малоазискат карија, каде што се задржал, додека Галеот тргнал  на запад во Сицилија, каде се населил засекогаш (Срејовиќ, Цермановиќ-Кузмановиќ, 1992 година, 90).

Хипербореецот Лаодок (кованица од laos-народ и докео, doksa-слава) е јунак кој заедно со Пир и Хиперох го одбранил Делфиското светилиште од Келт, 279 година пред Христа ( Паусанија X, 23, 2(.

Што се однесува до земјата на Хиперборејците, таа била многу богата со злато (реката Мајданпек), кое го чувале митски птици со големина на волк, Грифони-Грипес (grips-gripos). Грифоните биле волшебни птици со четири нозе, чувари на златото на Хиперборејците. Тоа биле суштества кои во себе ги спојувале најсилната птица-орелот и најсилниот четвероножец-лавот и биле симбол на најголемата животинска  сила. Најчесто се поврзувале со Аполон, Дионис или Артемида и биле чувари со божествена сила и постојана будност (Херодот, IV, 13).

Од кажаното може да се заклучи дека Бореите и Хиперборејците (Северци) биле многу присутни и познати не само во митологијата на античкиот свет на Балканот, туку и во теогонијата, историско-оштествените случувања, комуникациите и др. Херодот (IV, 13( ги лоцирал северно  од планината Бореј, подоцна Хемос и Балкан и југозападно од Скитите и Исидонците, значи негде во Подунавието.

Меѓутоа, во египетските споменици како народи од “север” не се наведуваат Хиперборејците, туку Данините. Значи, тие се јавуваат и пред Хомер (VIII век пред Христа), уште во 1400 година пред Христа, во документ од Дел Ел Амара, заедно со народите под имињата Шакалаши и Сардани (Childe, 1926 година, 63, 72). Шакалашите веројатно биле скитско племе Саки, додека Шарданитите биле Лиџани Сарди, подоцна жители на островот Сардинија во Медитеранот.

 

Продолжува

ДУНАВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *