ПОГЛЕДИ НА СТИВ ПЉАКАС КОН ВИСТИНИТЕ ЗА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (ДЕЛ I)

ПОГЛЕДИ НА СТИВ ПЉАКАС КОН ВИСТИНИТЕ ЗА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (ДЕЛ I)

Стив Пљакас вели дека дека, заповедта „Сакај го ближниот како што се сакаш себе си“.  не се однесувала на времето на Филип Македонски, особено после битката кај Хиронеја (Хајронеја). За жал, оттогаш, од условно речено Првиот Илинден за Македонците до денес, постои антагонизам меѓу Македонците и Грците. И во литературата е запишано дека, меѓу овие два различни народа и по култура и по јазик, обичаи, боја и по ген, има и омраза и љубов, и верба и борба, омаложување и соработка, и лоши и задни мисли кон ближниот, а, во исто време се негира сè што се поседува, и сето тоа само продолжува да трае на свој начин, за жал кај овие два соседни и христијански народа – грчкиот и македонскиот. Стив вели дека Грците ги мразеле Македонците. Едноставно, сакале да ги снема засекогаш од државата. Да ги збришат од етничката мапа

Стив Пљакас се сеќава на безброј дејства од минатото и раскажува за тоа со извонредна речитост како тоа да се случило денес. Навраќајќи се на живото во Егејска Македонија, потоа за периодот во првите доселенички години, како и при соочувањето со новото и непознатото, раскажува на еден чудесен начин и со големо познавање на настаните, фактите, вистината, судбината, каде што ништо не  е препуштено и подзаборавено, туку сето тоа останало во неговата меморија.

Низ овие страници издвојуваме одделни настани и случувања кои го градат мозаикот на времето и вистината. Кога станува збор за главниот јунак во монографијата, Стив Пљакас, за неговата сопруга  и другите личности со него и до него, тогаш фактите говорат дека станува збор за еден вруток на неисцрпна енергија, а и за вруточно огледало на авторовиот  пристап поради автентичниот расказ и приказ на реалноста.

Инаку, соочувањето со суровата вистина, Стив го има уште во младите години, кога бил сведок на македонското партизанско „Движење за слобода” кое било родено во пазувите на македонските чеда и простори. Токму тоа движење, всушност, претставувало надеж за слобода, себеидентификација, за нивниот опстој во егејскиот дел на Македонија. Таму, каде што патриотизмот бил најсурово  казнуван, при што, не се бирале средства и начини од грчките режими за да се уништува секоја прогресивна и национална искра, мисла и акција во Беломорието.

STP2

Стив вели дека Грците ги мразеле Македонците. Едноставно, сакале да ги снема засекогаш од државата. Да ги збришат од етничката мапа, поради што. нагласува дека имало три различни обвиненија против Македонците. Првото било да се биде комунист. Второто, да се биде Бугарин. И третото, кога се буричка во зеницата на окото – да се биде Македонец.

Сигурно дека по едно од овие три обвиненија можело да се најде за секого. И кога еднаш човек ќе биде во вителот на суровоста на грчките острови или казнуван  во затворите само поради тоа што барал правда и вистина, тогаш,  речиси, и да немало надеж за враќање дома.

Стив Пљакас, гледајќи ги маките на својот род, како дете копнеел да се приклучи на Движењето. Копнеел тоа да се случи што побргу. Меѓутоа, поради низата сплет на околности, веќе било доцна за него. Бидејќи до 1949 година завршува сè‘ што било со воените и слободарските предизвици. Гледал и слушал колку се тероризирани и малтретирани оние Македонци кои не сакале да прифатат да се погрчат, или да се откажат и заборават – кој им е македонскиот код, кој им е – македонскиот јазик.

Стравот бил голем, оти не се бирале средства и начини за да се казни напредната мисла, за да се уништи прогресивната идеја. Сурови биле методите. Дури  и под прозорци им доаѓале кодоши-агенти за да наслушнуваат дали во домовите се зборува македонскиот јазик, дали некој ќе запее македонска песна.

Дури и старите луѓе ги натерале да одат на курсеви и вечерни школи за да учат грчки. Но, Македонците храбро, издржливо и патриотски ги претпрпеле и мачеништавата и страдалништвото, ама не се откажале од своето, од македонското.

STP3

Жртви на војната во Грција

Стив Пљакас е човек кој многу чита и е многу информиран. Во една пригода тој рече дека една од најголемите христијански заповеди гласи: „Сакај го ближниот како што се сакаш себе си“. Меѓутоа, веднаш додаде дека, оваа заповед не се однесувала на времето на Филип Македонски, особено после битката кај Хиронеја (Хајронеја). За жал, оттогаш, од условно речено Првиот Илинден за Македонците до денес, постои антагонизам меѓу Македонците и Грците.

Стив Пљакас вели дека и во литературата е запишано дека, меѓу овие два различни народа и по култура и по јазик, обичаи, боја и по ген, има и омраза и љубов, и верба и борба, омаложување и соработка, и лоши и задни мисли кон ближниот, а, во исто време се негира сè што се поседува, и сето тоа само продолжува да трае на свој начин, за жал кај овие два соседни и христијански народа – грчкиот и македонскиот.

Дел од оваа вистина сè уште е присутен дури и сега, и многу видови на живот на соседот понекогаш влијаат на иднината на соживотот, бидејќи се фрла темна светлина врз животните патеки, за тие да се претворат во своевидни лавиринти на апсурдот.

За да го потврдиме горното ќе започнеме со фактот  дека во овој момент Егејска Македонија опфаќа голем дел од јужна Македонија и дека во неа, националниот состав на населението претрпел големи етнички промени, особено по Балканските војни и поделбата на Македонија, особено по Ѓраѓанската војна во Грција.

Против Македонците под грчка власт сè уште, континуирано, се води асимилаторска, измачувачка политика и принудно истребување, со единствена цел, да се промени етничкиот состав на Егејска Македонија. Ова продолжува без престан, бидејќи македонскиот народ, според своите обичаи, лингвистички, генетски, етнички, фолклорни, национални и други карактеристики и белези.се разликува од грчкиот измешан народ.

STP4

Македонците во дијаспората

Од тие причини, од првиот момент кога грчката буржоазија започна да ја шири својата моќ над Егејска Македонија, таа има воспоставено брутална политика на физичко истребување на македонскиот народ и промена на етничкиот состав во своја корист. Така, со намера да ги избрише сите можни траги што потсетуваат на македонскиот карактер во Егејска Македонија, грчката буржоазија, меѓу другото,  усвои закон со кој во ноември 1926 година ги промени македонските со грчки имиња на сите села и градови, лични имиња, планини, полиња, топоними, реки…. Сè што потсетуваше на Македонија и македонскиот народ.

Според Стив Пљакас  за време на Граѓанската војна во Грција, во периодот 1946-1949 година, се продолжи со егзодусот на голем број Македонци и припадници на Грчката комунистичка партија. Уште оттогаш, според разните режимски сценарија, Македонците биле сметани како потенцијално неверници кон грчката држава.

Затоа, на 1 октомври 1947година со декрет беше усвоен Закон за одземање на правото на државјанство, што беше проследено со мерки за нивно протерување од  нивните родни места кои се наоѓаат во тогашна Северна Грција, а денес најгласна Македонија, но, се разбира со „грчки карактер“.

Исто така, е факт, кој влезе во црните анали на стариот континент  дека за време на Граѓанската војна во Грција, околу 30.000 деца на возраст од 2 до 14 години, од кои поголемиот дел Македонци, беа протерани во тогашна Југославија и други источно-европски земји. Во тоа време, повеќе од 50.000 Македонци беа принудени да емигрираат поради тешката и сурова одмазда на која припадниците на македонското национално малцинство беа подложени. Податоците велат дека повеќе од 17.000 починале во Северна Грција.

Продолжува

G6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *