Училишно студио за дизајн ќе ги привлекува тетовските основци во стручно образование

Во општинско средно стручно училиште „Ѓоце Стојчевски“ од Тетово денеска со пригодна свеченост во употреба беше отворено ново опремено студио за дизајн на облека и ентериер. Една од училниците во текстилното училиште е пренаменето во студио работилница и опремено со современ инвентар и школски прибор со цел практична настава да изведуваат паралелките за дизајн на облека и дизајн на ентериер.

-Опремата е набавена со помош на здруженијата „Калканделен“ од Тетово и „Ихаха“ од Турција.  Целта на соработка е да подобрат условите за следење практична настава и да се понуди атрактивна стручна насока за новите средношколци, изјави Севдие Мустафаи, директорка на училиштето.

Во насоката техничар за дизајн на облека и дизајнер за ентериер, мебел и индустриски производи настава следат вкупно 160 ученици или по две паралелки од по 20 ученици во сите четири години.

-Ваквиот вид на опрема е мошне значен за нас како општина со цел да го унапредиме практичното изведување на наставата и да се привлечат младите да учат ваков вид на стручно образование, рече градоначалничката Теута Арифи.

За следната учебна година во средното стручно училиште „Ѓоце Стојчевски“ ќе има 340 слободни места во вкупно десет паралелки на македонски и албански јазик.  Во текстилно-кожарска струка има насоки за техничар за изработка на облека, техничар за дизајн на облека и конфекционер. Во хемиско-технолошката струка има насоки за хемиско-лабараториски техничар, прехранбен техничар и техничар за заштита на животна средина. Дизајнер за ентериер, мебел и индустриски производи е единствената насока во уметничкото образование.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *