Мицкоски во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров,

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров, каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата.

Мицкоски на средбата истакна дека актуелната власт уништува се и остава пепел зад себе, ги напаѓа достоинството и почитта на луѓето и токму затоа Ѓорче Петров се крена против власта и против измамите кои ги носи СДСМ.

Победничко Ѓорче Петров е против актуелната власт, затоа што Ѓорче Петров е против власта која носи измами, власта која уништува и остава пепел зад себе, власт кој го напаѓа достоинството и почита на луѓето, дели и создава конфликти. Власт која се повеќе не оддалечува од Европската Унија. Со овие луѓе на власт нема ниту ЕУ ниту пак европски се однесуваат, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека се наоѓаме во процес кога треба да веруваме и покрај тоа што системот ќе продолжи да не притиска, затоа што мораме да продолжиме да се бориме бидејќи со оваа власт ниту Европската Унија, ниту пак било каква иднина за Република Македонија е загарантирана, туку напротив ретроградни процеси, криминал, корупција, афери, сето она кое што не европска вредност туку е далеку од тие европски вредности.

Две години се на власт, еден чекор не отидовме нанапред. Не е доволно да го слушаме премиерот удирајќи се во гради да вели дека е европеец, во исто време додека криминалот и корупцијата галопира. Наместо со зборови посветеноста кон Европа тоа се докажува со дела, а дела оваа власт нема, потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи дека власта наместо да не приближува кон Европа, таа не оддалечува и затоа мора да се стави крај на уништувањето и пеплосувањето на државата од страна на СДСМ и дека мора да се избориме за подобри стандард и решенија за проблемите на граѓаните.

Затоа треба да се стави крај на ова уништување и пеплосување кое ни се случува во секое поле. А кој друг ако не ние, задно со народот мораме да ставиме крај на ова владеење кое ни ја одзема и уништува нашата Македонија. Заедно ќе победиме и заедно ќе се избориме за новото време кое ќе донесе подобар стандард во секое поле и решенија за многу проблеми кои денес го мачат секој еден човек, истакна Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *