Во Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Европски ноќи на музеите“

По повод Денот на музеите – 18 Мај, прилепскиот Завод и музеј в сабота ќе ги отвори вратите на музеите и галериите во градот за сите посетители,придружувајќи се на одбележувањето на европскиот ден на музеите, беше соопштено на денешната прес-конференција во Музејот.

Според Благоја Атанасоски, директор на прилепски Завод и музеј, прилепчани и сите љубители на археолошката уметност ќе имаат можност да ги посетат  вредностите сместени во шесте прилепски музеи и на таков начин граѓаните ќе може да се запознаат со богатото културно наследство, вредностите и артефактите.

– Ова е втор пат да се одржуваат организирани активности по повод Денот на музеите, а манифестацијата е насловена како „Европски ноќи на музеите“. Со активностите започнуваме в сабота навечер, од 18 часот, кога ќе ги отвараме сите постојани поставки, па се до раните утрински часови, поточно до 6 часот, во недела. Овој настан е по повод Денот на музеите, а  служи токму затоа, бидејќи преку него сакаме да го доближиме културното наследство до граѓаните и пошироката јавност“, изјави Благоја Атанасоски директор на Завод и музеј во Прилеп.

Прилеп располага со извонредни поставки кои што се изложени во пет музеи во градот: Галеријата на икони, Музејот на археолошки артефакти, Меморијалниот музеј – 11 Октомври, Спомен куќата на Кузман Јосифоски-Питу, Музејот на тутун, а наредната недела свечено ќе биде отворен и Лапидариумот, кој и во саботата ќе биде достапен за посетителите.

Според Атанасоски еден од најпосетените е музејот за тутун.

– Еден од најпосетените и со ретки атефакти во цела Европа е Музејот за тутун кој е во рамки на Институтот за старословенска култура, кај Институтот за тутун, на периферијата од градот. Имаме настојувања, но се уште е во разгледување Музејот да се премести, евентуално во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во центарот на градот да биде подостапен за посетителите, но има многу правни ситуации за разрешување, а се размислува и да се постават табли, мапи за сите музеи и галерии во градот.  Атрактивни за посетителите се и другите музеи, спомен-домови и галерии зашто уште пред повеќе од година побаравме од Министерството за образование да бидат внесени во календарите на ученичките екскурзии. За посетителите ќе биде достапен и Лапидариумот кој официјално ќе биде отворен наредната недела, рече Атанасоски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *