Измените на законот за „свиркачите“ пред Владата

– Владата на Република Македонија денеска на 48. седница ќе го разгледа предлогот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи по скратена постапка, поднесен од Министерството за правда.

На дневен ред, како што информираат од владината прес-служба, е и Предлог – законот за ратификација на дополнителниот протокол 5 на Договорот за изменување и пристапување на Централно европскиот договор за слободна трговија.

Министрите, на денешната седница, ќе ја разгледаат и информација за реализација на препораките на ГРЕКО (Група на држави против корупција) на Советот на Европа дадени со Извештајот за евалуација на Република Македонија – Четврт круг на тема: „Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите“- Втор ситуациски извештај на Република Македонија.

Ќе биде разгледана и информацијата за зголемување на придонесот на Република Македонија во мисијата на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“.

Почетокот на 48.седница на Владата е закажан за 15 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *