Васил Стерјовски седна во собраниската сала на албанскиот Парламент

Со давањето заклетва на денешната пленарна седница, Васил Стерјовски и официјално стана пратеник во албанскиот законодавен дом.

Со тоа тој стана првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од македонска партија, но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец.

Стерјовски е дел од независната пратеничка група, која е формирана од пратениците на Социјалистичкото движење за интеграција, со кое Македонската алијаса за европска интеграција(МАЕИ) настапуваше во изборната коалиција во јуни 2017 година.

Подоцна на седницата се очекува тој да се обрати од собраниската говорница.

Васил Стерјовски е познат активист за правата на Македонците во Албанија. Запишан е на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, на Институтот за национална историја на студиската програма на хуманистички науки, подпрограма Историја на Македонија, со потесна област на истражување Македонците во Албанија.

Тој е генерален секретар на еднствената македонска партија во Албанија, МАЕИ, а на последните локалани избори беше избран и за советник во Советот на опшина Пустец. Стерјовски беше и прв директор Македонец предложен од МАЕИ во Албанија.Тој раководеше со Регионалното комунално претопријатие во Корча.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *