Анагностопулу: Пред Договорот од Преспа отворањето нови гранични премини наидуваше на пречки

Отворањето нови гранични премини во минатото беше попречувано, бидејќи не посотеја билатерални односи, рече алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за време на состанокот на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент на која се разгледуваа двата нацрт закони на грчкото МНР за отворање на граничните премини кај Мајден и Маркова нога, но и покревање на Канцеларијата за врски во Скопје на ниво на амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат, јави дописничката на МИА од Атина.

-Мислам дека, ако навистина сакаме пријателство, соработка, зајакнување на нашата земја, она што треба да го направиме, во духот на она што се прави во Европа, би требало да ги поздравиме овие две ратификации, кои не дојдоа предизборни, дојдоа сега, а требаше да дојдат порано и имавме големи притисоци од локалното население за да дојдат што е можно побрзо, рече алтернативната министерка за надворешни работи на Грција.

Анагностопулу воедно одговори на обвинувањата од пратеникот на Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, кој рече дека владата предизборно ги носи законите за ратификација, но и дека билатерални односи постоеја и пред Договорот од Преспа. Се осврна на граничниот премин кај Маркова нога, како долгогдишно барање на локалното население.

-Во 1959 за време на владата на Караманлис се отвори овој граничен премин, а беше затворен за време на хунтатат во 1967. Оттогаш жителите бараат отворање на овој пат што ја поврзува Грција со Северна Македонија. Не е вистина дека немаше проблем во односите и не беше потребен Договорот од Преспа. Да потсетам дека Конвенционалната рамка меѓу Грција и тогаш, поранешната југословенска Република Македонија, беше рамката Грција- Југославија, рече Анагностопулу, а како пример спомена дека не постоеше можност за регулирање ниту на избегнување на двојното оданочување.

Алтернативната МНР на Грција, одговори и на прашањата на пратеникот Давакис од Нова демократија за Комисијата за трговските ознаки и откри дека денес ја потпишала заедничката министерска одлука што се однесува токму на оваа комисија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *