Во Горна Преспа, како дома!

ВО ПОДНОЖЈЕТО НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ГАЛИЧИЦА

Се смета дека во регионот на Галичица од Петрино до Сир Хан престојувале браќата Климент и Наум Охридски. Тука тие ја започнале и ја извршувале својата дејност во Девол. Претпоставка е дека Девол се наоѓал на северозападниот дел на Преспанската Котлина

Ако Охридското и Преспанското Езеро се одликуваат со сината боја на водата, бројните видови риби и култивираните брегови на кои се изградени бројни туристички објекти, тогаш планината Галичица се наметнува со своите високи варовнички гребени, богатите планински пасишта, поволните климатски услови и разновидната ендемична флора и фауна.

Заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските предели на планинската убавица Галичица, еден поголем дел од неа, на површина од околу 23 илјади хектари, во 1958 година е прогласен за Националнен парк.

Националниот парк Галичица започнува кај манастирот Света Петка во Велгошти, кај Охрид, продолжува во права линија до планинските височини кон исток, а од таму, по долината на Петрино, месноста Исток, до врвот Самар, и од таму се спушта до месноста Сир Хан во близина на Преспанското Езеро. Источната граница оди по брегот на Преспанското Езеро до албанската граница и го опфаќа островот Голем град во Преспанското Езеро.

zz1Поглед од Галичица кон Преспа

Заради тоа што почвата е од варовник кој не држи вода, Галичица, особено на преспанскиот дел е една од најсушните планини во Македонија. Ваквата геолошка структура и присуството на карстните геоморфолошки форми на планината и’ даваат изглед сличен на планините од Динарскиот систем. Од другата страна, пак, во подножјето на планината во близина на Охридското Езеро изобилува со извори на вода, особено кај манастирот “Св Наум Охридски”.

Националниот парк Галичица особено се истакнува по големото флористичко богатство. Тука има голем број видови растенија, претставници на различни флорни елементи. Наоѓалиштата за некои од растителните видови на Галичица се единствени за територијата на Република Македонија. За одбележување е присуството на дивите животни, како што се дивата коза, рисот и мечката.

Националниот парк Галичица има места тешко достапни, но затоа е доста популарна дестинација за параглајдерство ентузијасти. Најчесто точка за полетување се локациите на регионалниот пат Охрид-Трпејца-Царина-Ресен, и безбедно се слетува на плажата кај авто кампот “Љубаништа”.

Исто така, според бројните проучувања на различни научници, во регионот на Галичица од Петрино до Сир Хан престојувале браќата Климент и Наум Охридски. Тука тие ја започнале и ја извршувале својата дејност во Девол. Претпоставка е дека Девол се наоѓал на северозападниот дел на Преспанската Котлина.

На потегот од селото Лавци (Градот), преку селата Стипона, Евла до Петрино и Болно, каде постоеле три траси на Виа Игнација се наоѓаат остатоци од стари населби. Да се надеваме дека во иднина тие ќе бидат испитани и ќе излезе на видело една голема вистина за македонскиот народ, за Преспа и за Македонија.

zzzzzzzz

zzzzzzz

Инаку, Преспа, меѓу другото, има многу природни одлики како што се: поволната географска положба, благопријатното поднебје, чистината на воздухот, богатството на водите и шумите, плодноста на почвата и друго. Сето тоа условило таа да постане привлечно и погодно место за живеење, за развој на туризмот и за општествен развој на Македопнија.

Затоа во продолжение ќе презентираме дел од историската вистина на селата Лавци,Прељубје, Покрвеник, Волкодери, Шурленци, Сир Хан и Лесковец, кои се наоѓаат во подножјето на планината Галичица.

Селото Лавци, е сместено во живописните предели под планината Галичица, на 4 километри северно од брегот на Преспанското Езеро. Тоа е старо, повеќевековно село со мешано население во кое има триесетина куќи со над сто жители од кои поголемиот број се македонски Турци, а помалку Македонци.

Во Лавци од секопгаш живееле сложно Македонците и Турците и заедно ја граделе иднината за своите генерации, а и заедно се бореле во немирните времиња. Така, за време на Втората светска војна од Лавци загинале Живко Андоновски, Кадри Бакушевски, Селман Далиповски, Ѓорѓи Пандевски и Нијаз Зекировски. Затоа во знак на благодарност и вечно сеќавање во дворот на основното училиште е подигната спомен-плоча.

Според легендата, лавчани кажуваат дека селото го добило името од зборот “лаење на кучиња“. Имено, се смета дека на локацијата на селото во самоиловото време имало затвор кој, покрај стражарите го чувале и кучиња по чие лаење, прво локалитетот, а подоцна и селото било наречено Лавци.

zzzzЛавци

Во атарот на селото Лавци постојат повеќе локалитет од археолошко значење, меѓу кои Андонои Градини од римско време, средновековната црква и некропола, „Св. Дух“,старите населба „Трансформатор“ и „Тумба“. Во селото постои црквата „Св. Никола“, манастирот „Св Петка“  и една џамија.

Селото Прељубје е едно од најмалите села во Преспа. Дваесетината жители се постојано поврзани со соседното село Покрвеник, а неколкуте ученици одат во Царев Двор. Во селото има две светилишта, црквата „Св. Никола“ изградено во 1958 година на темели на стара црква и „Св. Илија“ од која се гледа целата Преспанска Котлина.

Селото Шурленци, пак, е недалеку од брегот на Пресоанското Езеро, на десната страна на патот од Ресен кон Отешево. Во атарот на селото се наоѓа археолошкиот локалитет Кале, кој е средновековна тврдина и има една црква, Св. Никола, во која се и селските гробишта. Во него живеат дваесетина домаќинства со деведесетина жители. Во Втората светска војна загинале тројца мештани и тоа: Круме Каравалевски, Димитрија Ставревски и Круме Тасевски.

zzzzzm

Покрвеник

Во непосредна близина на селото „Шурленското кале“ се наоѓа вилската населба и одморалиштето „Сир Хан“, како и рибарското претпријатие. Тоа снабдува со риби поголем број градови во Македонија.

Селото Покрвеник се наоѓа на патот Ресен – Отешево, а неговото име потекнува од зборот „крв“, со симболика на тешките времиња за македонскиот народ. Тоа е чисто македонско село и на новата локација е со четириесетина големи, убави и современо опремени куќи. Тоа е револуционерно село кое зеде учество во НОБ, кога и загинале за Македонија Тоде Андреевски, Јордан Стојановски и Мите Трповски. Во селото има Спомен-биста на првоборецот Мите Трповски – Војводата и спомен плоча за паднатите борци од селото.

Покрвеник, кое е сместено на двете страни на патот Ресен-Отешево е познато по тоа што таму се откриени остатоци од старохристијанската базилика од петтиот век, „Свети Атанас“ и средновековната некропола „Арапски Гробишта“.

Во Покрвеник има две цркви;Црквата „Света Никола“ во северозападниот дел на Старо Покрвеник, подигната на височинката при крајот на 19 век. Во црквата се старите селски гробишта. Црквата „Свети Атанас“ е на просторот меѓи старото и новото село изградена меѓу двете светски војни. Во кругот се денешните селски гробишта.

Селото Волкодери е во непосредна близина на Преспанското Езеро. Од секогаш во него живеат Македонци во петнаесетина новоизградени куќи. Во него во 1994 година е изградена црквата „Св. Атанас“. Тоа е револуционерно село од кое одреден број жители учествувале во Илинденското востание и во НОБ.

zzzzzz

Сир Хан

Селото Лескоец, пак, се наоѓа на околу два километри од Царина во пазувите на планината Галичица. Тоа едно од најмалите села со само пет домаќинства и десетина жители. Во 1983 година е реновирана црквата „Св.Никола“ во која се селските гробишта. Од Лескоец е поетесата Румена Ивановска – Пупавац, која има објавено две стихозбирки.

Продолжува
katinПишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *