Соопштение за јавност за постизборните околности

НИТУ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ СЕ ЛЕГИТИМНИ, НИТУ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ КОНСЕНЗУАЛНА ДЕМОКРАТИЈА КАКО ШТО СИ ЗАМИСЛУВААТ ВЕЧНИОТ АХМЕТИ И ДУИ!

 

Заев и Пендаровски не можат да го избледат општиот впечаток на јавноста дека прогласија избран Претседател исклучиво заради подршката на ДУИ. Не е случајно што секојдневно првенците на ДУИ лицитираат со бројот на испорачани гласови, како што не е случајно што во Охрид продолжи бесправното градење на Минарето на Али Пашината џамија. Истата судбина ќе ја имаат и дивите платформи на вештачкото езеро Матка. Едноставно, граѓаните се уште не добиваат одговор кои се новите политички концесии кои Заев и Пендаровски ќе треба да му ги испорачаат на Ахмети. Дали Гувернер на НБРМ и дали ќе се отвора Македонската химна?

 

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА СИ ГО БАРА НАЗАД ЛЕГИМИТИТЕТОТ ОД СВОИТЕ СЕГАШНИ ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИЦИ! ПОВЕЌЕ ОД 700 000 ГРАЃАНИ НЕ ГИ ОДОБРУВААТ ПРЕДАВСТВАТА СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА! МАЛЦИНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕ И ВРШИ РАБОТА НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! НАЈАВИТЕ ЗА НЕКАКВА КАДРОВСКА МЕТЛА УШТЕ ПОМАЛКУ!

 

Македонската Алијанса одамна предлага конечно да се отворат клучните реформи на изборното законодавство кои треба да резултираат со враќање на вистинската Уставно дефинирана улога на Македонското Собрание. Бараме воведување на една изборна единица и отворени листи како модел кои ќе ги натера партиите да кандидираат пратеници кои ќе бидат избрани заради личниот интегритет и минат труд, а не како до сега заради полтронство и лојалност кон партиските интереси. Македонската Дијаспора треба да гласа електронски со претходно регистриран отпечаток од прстите. Така ќе престане срамната дебата зошто одsивот во Австралија, Канада и САД е низок, без да се земе предвид дека иселениците мора да минат илјадници километри за да гласаат. Македонската нација е жртва на срамни политички пазари направени заради гола власт и фотељи. Тоа еднаш мора да заврши. Немакедонската Влада влегува во последните 16 месеци од својот мандат, доколку се чека редовниот термин за парламентарни избори. Ако не дај боже се остварат предвидувањата дека Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ во јуни, тогаш нема друг избор освен изродите да преземат одговорност што се насамарени и бадијала го сменија светото Македонско име и прифатија хибриден идентитет. Летниот период треба да се искористи за усогласување на новиот изборен модел, во септември да се изгласаа измените, да се формира техничка Влада и да одиме на предвремени парламентарни избори.

 

НАШАТА ПЛАТФОРМА Е ВРАЌАЊЕ КОН КОРЕНИТЕ! СО ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА СО СИТЕ НАЦИОНАЛНИ АТРИБУТИ ЌЕ ОДГОВОРИМЕ НА ДОСЕГАШНОТО РАЗДАВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *