ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски ја посрамотија и понижија Република Македонија

Заев и Пендаровски ја посрамотија и понижија Република Македонија. Државата и покрај сменето име остана без почеток на преговори на јуни, тоа е така затоа што нема реформи.

Доколку во изминативе десетина година главна пречка за не отпочнување на преговори беше ветото од Грција, сега главен проблем се недостатокот на реформи.

Заев и Пендаровски добија насока за спроведување на сет на реформи меѓу кои: Правосудни реформи, борба против организиран криминал и корупција вклучително и на високо ниво и реформи во разузнавањето и безбедносните структури, како и реформа на јавната администрација. Ништо од ова не е исполнето.

Заев и Пендаровски потрошија две години од животот на граѓаните, и наместо да направат нешто, тие ја вратија државата назад.

Со Заев и Пендаровски во Република Македонија цвета само криминалот. Државата тоне, а луѓето се заглавени во безнадежност.

Време е да се промени лошата пракса и државата да почне да ниже успеси.

Гласот за Гордана Сиљановска е глас за реформи, за просперитет, за право и правдина.