ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) И НИВНИТЕ СОВРЕМЕНИЦИ 

 

Во палеобалканската митологија Бореј бил еден од Титаните. Тој бил Бог на Север (voreas – север), најјак од сите ветрови. Бореј е син на Еоја, божица на утринското руменило и зората. Тој живеел на север во Тракија и во долината на реката Стримона (Струма). Негов син е Хем, персонификација на тракиската планина Хема (Балкан)

Во најстариот пелашки мит за постанокот на светот, Бореј е еден од називите за општиот демијург (создавач на светот), Офион (ophis, opheos – змија), прв господар на светот кој си играл со Еуринома, божица на создавањето, ја оплодил и од неа потекнуваат Еурономините деца, првите луѓе на овој свет. (Оттогаш Северец почнува да оплодува; заради тоа кобилите често се вртат со задниот дел кон ветерот и се ждребат без пастув). (Grevs, 1990 год., 1, a).

Култот за оплодувањето на Северецот бил присутен не само во Тракија и Македонија, туку и во другите делови на Балканот, но и во Мала Азија, каде на пример „… на Дардановиот син му опишал …“, „кобилата илјада и три …“ (Хомер, XX, 223). Од другата страна на Северниот ветер живееле Хиперборејци (Северци). Тие биле најсеверната палеобалканска популација за која пишувале: Хомер (VIII век пред Христа), Хесидот (VII век пред Христа), Херодот (484-425 год. пред Христа) и многу други.

Така Херодот (IV, 32,33), на пример, кажува: „За Хиперборејците не знаат да кажат ништо ниту Скитите, ниту другите народи од тие области, освен до некаде Иседонците, а најмногу за нив знаат жителите на Дела.“ Исидонците биле скитско племе, а денес едно финско племе се нарекува „Исет Донци“, кои веројатно во периодот на Херодот живееле покрај реката Дон. Според Херодот (IV, 1-33), Скитите биле многуброен, воинствен и распространет народ кој живеел во југоисточна Европа. Биле распространети меѓу Дунав, Црното и Каспиското Море и најчесто живееле номадски живот.

Скитите биле присутни на Дунав и во 512 г. пред Христа кога против нив војувале Персијците при нивниот поход на Балканот. Лирскиот поет од Теба Пиндер (522-442 год. пред Христа) во Питија (X, 27), за Хипербореја истакнал дека тоа е земја со блага клима. Нејзините жители не сеат и не жнеат, не градат куќи и не ги трпат неволјите на староста, болестите и војните, туку тие се блажени, праведни, мудри и побожни. Тие сакаат песна и игра. Во нивната земја не се стасува ниту по море ниту по копно, а пристапна им е само на боговите и на нивните миленици. Посебно го почитуваат Аполон, на кого му принесуваат жртва – диви магариња.42Богот Аполон

Според митологијата (Срејовиќ, Цермановиќ-Кузмановиќ, 1992 г., 484), се раскажува дека божицата на среќното породување Ејлејтија, ќерка на Хера и Зевс, дошла од земјата на Хиперборејците на островот Дел во Егејот за да ѝ помогне на Лета при раѓањето на Аполон (Паусанија I, 4, 4).

Титaнката Лето (lith, Litho-заборав, да скриеш, грешница) е родена во земјата на Хиперборејците (Diodorus Sikulus 90-20 год. пред Христа во Bibliotheca II, 47; 2-3). Била сопруга на Кеј (Koios), кој бил Титан или Гигант и син на Уран и Геја. Кога Лето ги зачнала божествените близнаци со богот Зевс, неговата љубоморна жена Хера се обидела да го спречи породувањето на  својата противничка. Трудната Лето долго скитала по светот бидејќи ниту една земја не сакала да ја прими. На крајот, во седмиот месец од бременоста, дошла на Дел, кое било талкачко и пусто острово во Егејот. По породилните маки од девет дена и девет ноќи, пристигнала божицата Ејлејтија и во истиот миг Лета на свет ги донела божествените близнаци Аполон и Артемид, заштитена од светите ловорови, палмини и маслинови гранки (Хесиод, Теогонија, 404).

Исто така, се раскажува дека Зевс ја преобразил Лето во волчица, дека во таков облик дошла од земјата на Хиперборејците на Дел, каде и се породила. За хиперборејската божица Ејлејтија се вели дека пристапила кон породувањето дури откако била подмитена со златен ѓердан од страна на Ирида, златокрилестата гласница на боговите.

По породувањето, Лето отишла во Мала Азија каде волците ѝ го покажале патот до реката Ксанта за да се напие вода и да ги искапе децата. Лето му ја посветила реката на Аполон, а според волците кои ѝ го покажале патот на Лето, целата земја го добила името Ликија (likos – волк). Потоа Лето се преселила на Олимп, покрај Зевс, и како нежна мајка се грижела за Аполон и Артемида, кои како возрасни ѝ биле приврзани на мајката.

За полесно породување на Лето, на Дел стасале и две хиперборејски девици, Арга и Опида, за да ѝ принесат жртви на Ејлејтија за полесно породување (Херодот, IV, 35). Хиперборејките умреле на Дел и биле погребани зад Артемидовиот храм. Нивниот гроб бил посипан со пепелот од жртвуваните животни, кои ги славеле хиперборејските девици во песната која ја испеал најстариот поет на пофални песни Одликија, Олеан.

Кога се родиле божествата, Дел процветал и замирисал, а лебедите пееле и го облетувале островот. Божицата Титанка, ќерка на Уран и Геја, втората жена на Зевс и мајка на Прометеј, ги нахранила новороденчињата со нектар и амброзија, а тие веднаш ги отфрлиле пелените. Таткото Зевс, на Аполон му подарил златна митра, лира и кола со лебедова запрега. Негови атрибути биле: стрела, лак, лира, троножец, папочна врвца и лав, а функцијата му била да ги брани и штити од злото луѓето, градовите, нивите, жетвата, пастирите, а посебно сите нив од болести.

Во Тројанската војна Аполон им помогнал на Тројанците во борбата против Ахејците и ја предизвикал смртта на Ахил. Според Хомер (XXI, 435 – 465), заради заверата против Зевс, Аполон и Посејдон биле казнети да бидат една година кај кралот на Троја Леомедонт и да изградат киклопски тврдини. Леомедонт (кованица, leo, leos – народ и med, medod – да се грижиш, да владееш, владетел) бил еден од најпознатите потомци на Дардан, а во време на неговото владеење тројанската власт се простирала до тракискиот Пенеј и до Стримон. Негов син бил Пријам, владетел на Троја.

Една од должностите на Аполон била да ги чува стадата кои боговите ги држеле во македонската Пиерија (Гревс, 1990, 21, X).

Етимолошки името на Аполон потекнува од палеобалканската глосологија, од зборот apollio, apollo – да погуби, да упропасти, да уништи, што била и намера на Хера со трудната Лето, неговата хиперборејска мајка.

Во антиката, Аполон бил многу популарен во егејско-балканската култура. Троја се споменува и во кариско-фригискиот мит за натпреварот во фрула меѓу Аполон и Марсија. Потоа, во Гигантомахијата на олимписките богови, па неговата активност со Дионис и Артемида и др. Во хеленската митологија, Аполон е преземен со посредство на Крит и минојската култура, така што тој постепено ги потиснал разните локални хеленски божества. Во текот на времето тој станал бог не само на музиката и уметноста, туку и на смртта, поморството, колонизацијата, основач на градови, бог на сонцето, на светлоста, бог на мерката („ништо премногу“), на сознанието („запознај се самиот себе“), на законот и уметничката инспирација.43

Богињата Артемида

Од V век пред Христа култот на Аполон се шири во Италија, каде станал еден од најголемите римски богови, а најстарото култно место на Аполон (Appolinar) било во Рим каде, во 429 год. пред Христа, е изградено светилиште во негова чест. Воведени се свечени игри (Ludi Appollinares) во 212 год. пред Христа, а големиот храм на Палатина, во чест на Аполон, е подигнат во 28 год. пред Христа и бил поврзан со царската палата. Во чест на Аполон се посветени светилишта (Дел, Делфи), храмови (Коринт), празници, питијските игри, претстави, статуи, фрески и друго насекаде во античкиот свет.

Во митологијата на Балканот и Егејот, сестра-близнак на Аполон е Артемида, ќерка на Хиперборејката Лето и богот Зевс. Артемида со Аполон често престојувала кај Хиперборејците (Пиндар во Олимпија, III, 2-3). Таа сакала да скита по планините сама или во друштво на нимфите. Од татка си добила вечна девственост, лак и стрела, а нејзини атрибути уште биле факелот и месечевиот срп. Во митовите Артемида е строга божица, наклонета кон Амазонките, кои биле нејзини придружнички, била основач на култот и светилиштето Ефска Артемида. Во војната била на страна на Тројанците.

Нејзиното име Артемис е палеобалканско. Основата е ar, artios-тесно споен, близнак, чеден, девствен, пристоен и mis-Мичанка или artemis-свеж, здрав.

Во историскиот период, Артемида е божица на ловот, господарка на животните, пчелите, природата, изворот на децата, девствената младост, невиноста, посебно на хиперборејските девици. Таа засекогаш останала девица и на неа í се припишува природната смрт на жената. Во чест на Артемида се подигнати многубројни храмови низ сиот антички свет, многу статуи и разни други споменици на уметноста.

Како најмлад син на Лето и Зевс се наведува уште и богот Дионис, кој заедно со Аполон, Артемида и Хермес ѝ припаѓа на втората генерација олимписки богови (Гервс, 1990 год., 14). Други податоци го посочуваат Дионис како син на Зевс и Персефона или Семела. Во Хомеровата „Илијада“ (VI, 133 и понатаму) се наведува дека Дионис е роден во Ниса (Ниш) и тука Зевс им го предал својот син на чување на нимфите на оваа земја, под имињата Ниса, Бромеј итн. Етимолошки неговото име е палеобалканска кованица од зборовите dios-бог и nisa-крај, брег, односно место во Тракија, Ниса, кое ѝ припаѓало на Пеонија. Дионис е значи „син на Зевс“ или „бог на Ниса-Ниш“.

7

4Боговите Дионис и Орфеј

Богот Дионис бил доен и воспитан од вилите на Ниса, кои потоа како Бромеј го вовеле свечено во баханалијското оро на празнување и оргии. Тој израснал меѓу жени, менади, тејади (нимфи) и баханилијки, кои останале покрај него. Кога тргнал во светот бил закитен со венци, бршлени (kissos) и ловор (daphni). Бршленот му бил посветен на Дионис и каде што тој растел, таму еднаш престојувал и богот Дионис. Во слава на богот Дионис, во заливот Терма, денешен Солун, Кисеја бил негов храм, а баханалиите и хоровите трагичари биле восхитени од бршленот.

Дионис бил бог на вегетацијата, плодноста, оргиите и екстазата. Негови свети животни биле лавот и пантерот, а омилени билки освен бршленит биле лозата и смоквата. Тој имал многу пријатели и приврзаници, а негов противник, заради виното, бил кралот на тракијските Едонци, Ликург, кој немилосрдно го прогонил Дионис на планината Ниса и ја уништил виновата лоза. Заради тоа земјата Тракија станала неплодна. Дионис ветил дек земјата повторно ќе носи плодови единствено ако Ликург биде казнет. Бидејќи бил принуден да се опие од вино, во настап на лудило, Ликург ги убил својата жена и син. Тогаш Дионис го однел Ликург на Родопските Планини и го фрлил на пантерите. Потоа Дионис со својата придружба, во која се наоѓал и неговиот воспитувач Силен, го започнал својот победнички поход, најнапред кај кралот Мид во Македонија, а потоа го обиколил целиот Балкан, Мала Азија, Италија, Шпанија, Египет и Индија.

Во ликовната уметност Дионис е значајно застапен. Покрај тоа тој е главен лик во трегедијата „Бахи“ од Еврипид (406 год. пред Христа) и во епот „Диониска“.

Како син на Аполон, во митологијата се споменува и Орфеј (Orphevs) (Aollodori, Bibl, I, 3, 2). Се раскажува, исто така, дека тој бил син на тракискиот и македонски крал Еагар, а подоцна самиот тој бил крал на овие области од Балканот. Негов роден крај е Лебетра, под Олимп во Македонија, каде бил погребан по трагичната смрт, а во негова чест е подигнат кип.

Орфеј е најпознатиот митски пејач, поет и свирач. Првите знаења за пеењето и свирењето ги добил од татка си Аполон, кој му подарил лира со седум жици. Силата на неговата песна и свирка била волшебна, господарела со ветровите и го топела снегот на високите планини. Орфеј ги советувал луѓето да го почитуваат Аполон Хелиј како најголемо божество. Со овој пример, како крал на Тракија и Македонија, честопати осамен, секое утро излегувал на врвовите на планината Пангеја да го поздрави богот на сонцето-Аполон, кому му служел и како свештеник. Необичното обожавање на сонцето, како „татко на сé“, потекнува од северен Балкан, т.е. Хипербореја.

Орфеј се смета за пронаоѓач на азбуката, основач на Дионисовите мистерии и науката за посмртниот живот на душата (Diosor Sic, I, 69, 92). Бил учесник во експедицијата на Аргонаутите, околу 1250 год. пред Христа, кога само благодарејќи на неговата помош биле пребродени многу потешкотии. Митот за Орфеј најверојатно настанал во раниот VI век пред Христа, а во врска со сектата Орфичари за божествената природа на човечката душа и првобитниот грев. Заради гревот душата скита, но со екстаза, аскетизам и иницијација се чисти и се враќа на небото. Орфичарите биле аскети, не јаделе месо и јајца и носеле бела облека. Сочувани се 87 орфејски химни, орфејската аргонаутика и многу уметнички дела, во Елада и Италија, од орфејскиот мит.

Пишуваат:

5АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

6СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *