Писмена реакција за провокацијата на Грчкото МНР

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ТОНЕ ВО СОПСТВЕНИТЕ ЛАГИ! ДОДЕКА ЗАЕВ ИЗБЕГНУВА ДА ЈА ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА ЗА ДА НЕ ГО НАВРЕДИ, ЦИПРАС ПОТВРДУВА ДЕКА ИЗРОДИТЕ ПРИФАТИЛЕ ДЕКА СМЕ ХИБРИДНА НАЦИЈА СОЗДАДЕНА ВО 20 ВЕК!

 

Заев, Димитров, Шекеринска и несреќниот Пендаровски упорно тврдат дека Договорот со Грција го бетонирал Македонскиот идентитет. Последната средба во Атина на Македонско – Грчкиот Комитет за ревизија на историјата, заврши со соопштение дека се промовираат европски вредности и солидарност. Но, срамната провокација на Грчкото МНР кажува се’!  И покрај сите напори на предавниците да го претстават Ципрас како прогресивен политичар и пријател на Македонија, на интернет сајтот на МНР повторно осамна англиската верзија според која „Македонската нација е производ на Тито, зборот Македонија е Грчки збор, а Античките Македонци се Грци“. Ова е на истата линија со тезите на Бугарските националисти. Грција ниту еден милиметар не отстапува од нивниот средновековен иредентизам!

 

АКО МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА Е „ТИТОВА ТВОРБА“ ТОГАШ ЗОШТО ГРЦИЈА ДУРИ ВО 1990 И 92 ГИ ЗАМЕНИ ИНДУСТРИСКАТА ШКОЛА ВО СОЛУН И АЕРОДРОМОТ СОЛУН МИКРА СО МАКЕДОНИЈА?  ЗОШТО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ТОПОНИМИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОМЕНЕТИ ОД 1913? КОЛКУ И ДА СЕ ТРУДАТ ГРЦИТЕ ЗАЕДНО СО ДОМАШНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ИЗБРИШАТ ФАКТИТЕ? ВО БИБЛИЈАТА СЕ СПОМЕНУВААТ МАКЕДОНЦИ, НЕ ГРЦИ ИЛИ БУГАРИ!

 

ЗАЕВ, ДИМИТРОВ, ШЕКЕРИНСКА И НЕСРЕЌНИОТ ПЕНДАРОВСКИ ДА ОДГОВОРАТ ЗОШТО ФЕЈСБУК И НОВИНСКАТА АГЕНЦИЈА АФП НЕ НАРЕКУВААТ „СЕВЕРНО МАКЕДОНЦИ“? НЕКА КАЖАТ ЗОШТО ГО ЛАЖАТ СОПСТВЕНИОТ НАРОД? КАДЕ Е БЕТОНИРАНИОТ ИДЕНТИТЕТ?

 

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ДА НЕ ОЧАЈУВА! НЕ СТЕ САМИ! ЗАЕДНО ЌЕ СЕ ИЗБОРИМЕ ДА ВРАТИМЕ НАЗАД СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО И СВЕТО! НИЕ СМЕ СО ВАС! НЕМА НОВИ СТРАДАЊА И ПОНИЖУВАЊА! СЕ ГЛЕДА СВЕТЛО ОД ТУНЕЛОТ! ПРЕДАВНИЦИТЕ СЕ НА КОЛЕНА! ИМ СЕ БЛИЖИ ПОЛИТИЧКАТА КАЗНА!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *