ВМРО-ДПМНЕ: Филипче конечно треба да се фати за работа, да работи за граѓаните

Стево Пендаровски, Зоран Заев и Венко Филипче се исти. Повеќе од четири месеци не можат да се справат со епидемијата на морбили, која однесе неколку човечки животи од крајот на декември до сега.

Антиваксерската кампања која СДСМ ја водеше со години, уште од времето кога беа опозиција ги зема своите жртви.

Додека Филипче тера кампања за Пендаровски, епидемијата на морбили се шири. Откако не успеаја да се справат со епидемијата на морбили по повеќе од четири месеци мораа да прогласат епидемија на територија на цела држава.

Венко Филипче ги излажа граѓаните, тој уште во јануари ветуваше дека за две недели ќе биде решена состојбата со морбилите, но поминаа и три месеци, а стиуацијата не само што не е решена, туку и излезе од контрола.

Почитувани,

Филипче, како и досега, така и сега поради Пендаровски, ги заборави и граѓаните кои во здравството не можат да добијат основна здравствена услуга, а цел живот одвојуваат пари.

Додека Филипче работи за Пендаровски наместо за граѓаните, секојдневно слушаме за по некој починат и тоа поради неспособноста на министерот да го менаџира секторот здравство.

Неспособноста и лошите политики на Филипче и Заев уште еднаш ги гледаме на дело, сега кога епидемијата енормно се шири, а тие тераат политика со цел реализирање на своите интереси.

Крајот на епидемијата не е ни на повидок.

Филипче конечно треба да се фати за работа, да работи за граѓаните и да заборави на своите лични интереси, и интересите на партијата и претседателскиот кандидат Пендаровски, ако не треба веднаш, по толку пропусти да замине од местото министер за зравство.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *