Писмена реакција за формирањето на унија на Албански општини во регионот

Поминаа 3 дена, нема ниту една официјална реакција на тетовската средба на Градоначалниците на Тетово, Тирана, Приштина, Туз, Чаир и Гостивар, кои ја информираа јавноста дека таканаречената Унија на Албански Општини ќе формира Секретаријат со седиште во Тирана. Македонската Алијанса изразува загриженост за ваквите моноетнички иницијативи  кои не одат во прилог заложбите на Заев, Димитров, Шекеринска и Пендаровски за концептот „едно општество за сите“. Никој не ги спречува Општините во регионот, на полето на урбанизмот, екологијата, културата и инвестициите да имаат размена на искуства, но прогласување и формирање на некаква Унија на Албански Општини има сосема друг политички контекст и претставува класична провокација. Особено што јавноста не слушна ниту едно вистинско оправдување зошто во овие „еко проекти“ не се вклучени и Општини со Градоначалници Македонци. Тоа што се случи 3-та средба во екот на кампањата за невалидните Претседателски избори, а на кандидатите им се важни Албанските гласови, не значи дека најодговорните политички субјекти во Татковината треба да се прават слепи и глуви на тоа што се случува. Пред 2 ипол години во пресрет на парламентарните избори 2016, Тиранската телевизија „Топ чанел“, објави дека по повод одбележувањето на Денот на независноста на Албанија и Денот на нивното знаме, се формирала таканаречена Унија на Албански општини во регионот, во периодот кога се актуелизираше Тиранската Платформа.

 

НЕ САКАМЕ ДА ВЕРУВАМЕ ДЕКА СУПТИЛНО СЕ ИСПРАЌА ПОРАКА ДЕКА МИТОТ ЗА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА НЕ Е ЗАТВОРЕН!

 

Кога веќе Заев ги прифати сите можни уцени на Ахмети, сега и должат одговори на јавноста. Зошто, Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, со Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај не го отворила прашањето за Македонците во Албанија, кои, во 21 век се уште ги немаат основните човекови права и слободи, забрането им е основање на Македонски културни центри, фолклорни групи, немаат програма на Македонски јазик на Државната телевизија, не се  пропорционално застапени во Албанските институции, Македонските студенти немаат стипендии, нема настава на Македонски јазик? Зошто не го отворила прашањето за враќањето на старата територијална организација во Албанија, според која и Голо Брдо беше Општина со мнозинско Македонско население? Или, дали со Градоначалникот на Приштина, Шпенд Амети го отворила можеби прашањето за екстрадиција на осомничените за масакрот на Смилковско езеро?

 

ИМА ЛИ КРАЈ НА БАРАЊАТА НА ДУИ? ЏАФЕРИ НА СИЛА СТАНА ВТОР ЧОВЕК НА ДРЖАВАТА, СЕ ИЗГЛАСА ДВОЈАЗИЧНОСТ, ВЕШТАЧКИ ГО НАПРАВИЈА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР КОНСТИТУТИВЕН ТЕМЕЛ НА МАКЕДОНИЈА, АХМЕТИ ГО ИМАШЕ ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ НА ЗАЕВ, ДОБИЈА ПРАВИЛА ЗА НОВ ПОПИС ПО НИВЕН ТЕРК И УШТЕ СЕ ПРАВАТ НЕДОВЕТНИ ДЕКА НЕМА НИШТО СПОРНО ВО ПРОЕКТОТ ЗА УНИЈА НА АЛБАНСКИ ОПШТИНИ? НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЗАРАДИ ФУНКЦИИ И ПРИВИЛЕГИИ ЌЕ ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ГОСТИН ВО СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА! КОГА АХМЕТИ И ДУИ ЌЕ ПОКАЖАТ ЛОЈАЛНОСТ КОН МАКЕДОНИЈА? БАРАМЕ НОВ ИЗБОРЕН ЗАКОН, ОТВОРЕНИ ЛИСТИ И ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ДА ОДИМЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. НА МАКЕДОНИЈА И Е ПОТРЕБНО НОВО ВОДСТВО ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА УНИТАРНОСТА НА ТАТКОВИНАТА!

 

 

 

                                                                                        МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

                                                                                                   Претседател,

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *