ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ СУЛЕЈМАН РЕЏЕПИ ВЕДНАШ ДА СИ ГО ПОВЛЕЧЕ КАЖАНОТО. НЕДОЗВОЛИВО Е ВЕРСКИ ЛИДЕР ДА ШИРИ ВАКВА ОМРАЗА КОН МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА!
Дека се работи за смислена верска провокација говори фактот што Реџепи на 14 март при поставување на камен темелник за Џамија во Скопското село Арнакија, или 10 дена пред да испрати писмен ултиматум до Заев во рок од 10 дена да му го врати на ИВЗ имотот одземен со денационализација, во својот говор го нарекол Македонскиот народ беспримерен див народ без идентитет, кое како видео е закачено на неговиот фејсбук профил.
МАКЕДОНИЈА Е СЕКУЛАРНА ДРЖАВА И НЕ САКАМЕ ДА ДАВАМЕ ПОЛИТИЧКА КОНОТАЦИЈА НА НИТУ ЕДНА РЕЛИГИЈА, НО НА ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ НЕ МУ Е ПРВПАТ ДА ГО ПОГАНИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ОВА НЕ Е ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ! КЛУЧНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ФАКТОРИ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ПРАВАТ НАУДРЕНИ ЗА ОВОЈ СКАНДАЛ ОТИ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НЕМА ДА ДОБИЈАТ АЛБАНСКИ ГЛАСОВИ! МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА ГИ ПОВИКУВА АЛБАНСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ ЛИДЕРИ ДА ГО ОСУДАТ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОЈ ГО ШИРИ ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ!
За да ги задоволат уцените на Али Ахмети, првенците на немакедонската Влада на сила го ставија Талат Џафери на Претседателското столче во Македонското Собрание, изгласаа двојазичност, нереално го вметнаа Рамковниот Договор за конститутивен уставен елемент, определија Претседателски кандидат по негова мерка, пописот мора да биде по теркот на ДУИ, со оправдување дека градат едно општество за сите. Заев, Шекеринска и Пендаровски не убедуваат дека нивниот концепт на попуштање и понижување на Македонскиот народ ги релаксира меѓуетничките односи. Секојдневно се случува нешто што потврдува дека немакедонската Влада е со изгубен компас водејќи крајно штетни политики за Македонските национални интереси.
БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ ЗА ГОЛА ВЛАСТ И ЗА ПУСТИ ПАРИ СЕ РАБОТИ! АКО ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ ЗАРАДИ ВРАЌАЊЕ НА ДЕНАЦИОНАЛИЗИРАН ИМОТ МОЖЕ ВАКА ЛЕСНО ДА ШИРИ ВЕРСКА ОМРАЗА КОН МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА, ДАЛЕКУ Е ТАТКОВИНАТА ОД РЕЛАКСИРАНИ МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ! НАШИТЕ СОГРАЃАНИ АЛБАНЦИ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ СВЕСНИ ДЕКА И ТИЕ КАКО НАС СЕ ЦЕЛ НА МАНИПУЛАЦИИ ЗА ДА НЕКОЈ ЛИЧНО И ПАРТИСКИ ПРОФИТИРА! НЕ МОЖЕ ЛИЧНИОТ ИНТЕРЕС ДА СЕ ИЗЕДНАЧУВА СО КОЛЕКТИВНИОТ! ОСОБЕНО НЕ СО МЕШАЊЕ ВЕРСКА И ЕТНИЧКА БОЈА! САМО СО ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ МОЖЕ ДА СЕ СМЕНИ ПОЛИТИЧКАТА МАПА. НА ТАТКОВИНАТА И СЕ ПОТРЕБНИ ПОЛИТИЧАРИ СО ИНТЕГРИТЕТ. ЛУЃЕ КОИ НЕ САКААТ ВЛАСТ И ФУНКЦИИ ЗА ДА СЕ БОГАТАТ ТУКУ ЗА ДА СРАБОТАТ ЗА ПОДОБРО УТРЕ!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски