Министерот за надворешни работи Никола Димитров на 9 и 10 април ќе престојува во работна посета на Берлин. Димитров утре ќе има средби со повеќе пратеници во германскиот Бундестаг, меѓу кои и со работната група за надворешна политика на ЦДУ/ЦСУ, како и со претставници на Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти МНР.
Во активностите на вториот ден од посетата ќе се вклучи и вицепремиерот Бујар Османи, при што планиран е заеднички брифинг пред парламентарната Комисија за европски прашања во Бундестагот, на која ќе го презентираат напредокот и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската унија, во пресрет на јунскиот Совет на ЕУ.
Предвидени се и средби со министерот за Европа, Михаил Рот и новата лидерка на ЦДУ/ЦСУ, Анегрет Крамп-Каренбауер.