Писмена реакција за ТВ дуелот на Претседателските кандидати

НА НАВОДНИТЕ ИЗБОРИ НА 21 АПРИЛ И 5 МАЈ НЕ СЕ ИЗБИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ ТУКУ СЕ ЛЕГИТИМИРА ПРЕДАВСТВОТО! НЕ ПОСТОЈАТ НИТУ НАТПАРТИСКИ, НИТУ НЕЗАВИСНИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТИ! ОД ЕДНА СТРАНА Е МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА, ВО МОМЕНТОТ БЕЗ ВИСТИНСКИ ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИЦИ, А ОД ДРУГА СТРАНА СЕ КАНДИДАТИТЕ НА ПАРТИИТЕ КОИ СЕ ДЕЛ ОД ЕДНО ПРОВИДНО СЦЕНАРИО, КОЕ НЕМА ДА ИМ УСПЕЕ!

 

Македонската нација никому не даде мандат за промена на името и идентитетот, ниту пак го одобри предавството кое им е сервирано во обланда за наводно подобар живот кој само што не пристигнал. За мнозинството граѓани Северна Македонија не постои, ниту пак ги прифаќаат срамните обврските кои им се наметнуваат од капитулантските Договори со Бугарија и Грција.

 

Кандидатот на Ахмети и Заев, несреќниот Пендаровски е во тешка заблуда дека ќе се протне со лажната надеж за ЕУ и очекуваниот влез во НАТО Алијансата. Нацијата слуша, но и гледа. Може да повторуваат колку сакаат дека Македонскиот идентитет е обезбеден, ама граѓаните го гледаат пуштањето низ вода на нашите браќа и сестри од Егејска Македонија, криењето на националната гарда и неинтонирањето на Македонската химна!

 

Од друга страна Мицкоски и Силјановска колку и да зборуваат против Договорот Заев – Ципрас, не можат да ја убедат јавноста дека нивното учество на овие избори не е легитимација на предавството. Или го прифаќаш, или не го прифаќаш новото име и хибридниот идентитет! Нема нешто на средина. ВМРО-ДПМНЕ не е до крај на чисто дали и овој пат ќе прави компромиси за да се допадне некому или 100% ќе игра за сопствениот народ!

 

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА ЗАСТАНА ЗАД ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА! НАШИТЕ ИДЕАЛИ НЕ СЕ СВЕДУВААТ НА БОРБА ЗА ФУНКЦИИ ПО СЕКОЈА ЦЕНА, НАШАТА КАУЗА Е ОДБРАНА НА СВЕТОТО МАКЕДОНСКО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ!

 

ДОАЃА ВРЕМЕ КОГА СЕ ЌЕ СИ ВРАТИМЕ. МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА ЌЕ БИДЕ ВОЗОБНОВЕНА! МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СВЕТИ СИЛНО!

 

ОВОЈ СРАМЕН ПЕРИОД ОД МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА ЌЕ БИДЕ КАЗНЕТ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ! ТАТКОВИНАТА КОНЕЧНО МОРА ДА ИМА ПРАТЕНИЦИ СО ИНТЕГРИТЕТ КОИ ЌЕ МИСЛАТ СО СВОЈА ГЛАВА!

 

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *