Воените оркестри на АРМ и на Грција, САД , Велика Британија и Словенија ја свиреа химната на Северна Македонија

Со интонирање на химната на Северна Македонија и на НАТО,  воените оркестри на нашата Армија и Армиите на Грција, САД, Велика Британија и Словенија одржаа сојузнички концерт во чест на Денот на НАТО.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на почетокот на концертот рече дека задоволството е големо што на ваков начин се одбележува 70 – годишнината на Алијансата.

-Навистина ми причинува задоволство што денеска на ваков начин можеме да го славиме денот на НАТО, но и денот посветен на нашите, сега веќе, успешно реализирани амбиции. Заедно сме секогаш посилни, порача Шекеринска.

Припадниците на здружениот оркестар, по интонирањето на химните продолжија со изведба на впечатливи композиции од репертоарот на оркестрите на 5-те армии.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *