Арсовски: Голема е веројатноста Република Македонија да не ги отпочне преговорите за влез во ЕУ во јуни

Голема е веројатноста Република Македонија да не ги отпочне преговорите за влез во ЕУ во јуни. Ова вчера лично го призна и премиерот Зоран Заев. Зоран Заев уште еднаш призна дека ги излажал граѓаните.

Човекот кој ветуваше дека државата ќе ги отпочне преговорите за ЕУ во јуни, сега вели дека лани во јуни во Брисел не му било кажано дека со сигурност ќе ги отпочнеме преговорите како држава, туку дека можеби истите ќе бидат отпочнати, ако ги исполниме реформските чекори.

Така е тоа кога коруптивните зделки и тендери и непотистичките вработувања и грантови и тендери имаат приоритет пред реформите на државата кои се предуслов за во ЕУ.

Зоран Заев вчера ги потврди тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ од претходно дека за влез во ЕУ се потребни реформи, а не продажба на националните и државните интереси и личниот интерес на картелот на власт.

За влез во ЕУ се потребни и европски вредности, а Зоран Заев и СДСМ од европски вредности имаат единствено едно евро за вицето.

Почитувани,

Реформи нема, тоа сите го гледаат. Повеќе од две години владата на СДСМ не прави ништо конкретно и суштинско во државата. Судството е политизирано, администрацијата партизирана, економската политика е оцената со нула од германските стопанственици.

Се на се реформите на оваа власт се нула, а економијата оди во минус.

Република Македонија не може да се придвижи ниту милиметар кон ЕУ, се додека Рускоска обвинителството извршува, а Кацарска судството пресудува, нарачки кои што доаѓаат директно од Зоран Заев, кој ги предвидува и претскажува сите пресуди.

Почитувани,

Нашите партнери од ЕУ не можат да бидат излажани со маалските фори и зезанции на Зоран Заев.

Затоа на претстојните избори да излеземе сите масовно и да ги казниме Зоран Заев и владата на СДСМ за сите погрешни политики кои што ги спроведуваат кои што одат на штета на граѓаните и на штета на државата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *