Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека навреме и официјално ќе биде соопштено, кога ќе биде договорена посетата на Атина.
Повикувајќи се на свои извори, телевизиите „Скај“ и „Action 24“, весниците „То Вима и „Та неа“ и дел од грчките информативни портали, јавува дописникот на МИА од Атина, објавија дека в понеделник или вторник Османи, ќе ја посети Атина и ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и неговиот заменик Јоргос Катругалос.
– Имаме континуирана комуникација со Република Грција, со премиерот Алексис Ципрас, со министерот за надворешни работи Никос Коѕијас. Таа комунацијата ќе продолжи и понатаму, ќе има и редовни средби во наредниот период. Во услови на анимозитет и немање комуникација не може да очекува решавање на спорот со Грција, создаваме мостови, секоја посета на Атина или Скопје е еден мост повеќе, рече Османи по денешната неформална средба со бугарскиот амбасадор во земјава Иван Великов Петков, без да сака конкретно да каже дали в понеделник ќе ја посети Атина.
Тој и Петков имаа неформална средба во врска со бугарското претседалство со Европската унија во следните шест месеци.
На прашањето дали се застапува за референдум во однос на прашањето за името, Османи истакна дека ова решение има неколку чекори и оти треба да се почне од првиот, а не да се оди на третиот или четвртиот.
– Прво да најдеме решение, потоа ќе зборуваме како ќе го верификуваме, рече Османи.
Тој исто така не сакаше да ги коментира написите во грчките медиуми дека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кон вторта половина на јануари ќе ја посети Македонија.
Грчките медиуми, преземајќи ги информациите објавени во македонските медиуми вчера, објавија дека за две седмици медијаторот Нимиц, ќе одржи нова рунда разговори со претставниците на двете земји, а на 17 и 18 јануари во Скопје, по три години ќе дојде генералниот секретар на НАТО.
– Имаме мкомуникација со сите организации со кои имаме добра соработка, не можам да ви кажам такви детали, рече Османи.
Тој и честита на Бугарија за преземањето на претседателството со Европската унија и даде позитивна оценка, што оваа нашата земја сосед следните шест месеци ќе претседава со Унијата.
Изрази надеж дека во текот на бугарското претседателство Македонија ќе добие препорака за отпочнување на преговорите.
Петков му изрази благодарост на Османи за поканата да испијат едно кафе, по повод бугарското претседателство и да поразговараат за евроинтеграциските процеси на Македонија.
Истакна дека официјално претседавањето на Бугарија со Советот на Европа ќе биде претставено на 15 јануари во Софија.
– Јас лично пред Собранието ќе ги претставам приоритетите на бугарското претседателство, додаде бугарскиот амбасадор.
Wow, fantastic weblog structure! How lengthy have you ever been running a
blog for? you made blogging look easy. The total glance of your web site is excellent,
let alone the content material! You can see similar here ecommerce