НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА БЕЗОБРАЗНО ЈА ПОТЦЕНУВА НАЦИЈАТА! ЗОШТО НЕМАШЕ ИНТОНИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА И МАКЕДОНСКА АРМИСКА ГАРДА ПРЕД ПЛАТОТО НА ВЛАДАТА? ЗОШТО ЦИПРАС Е ПРВИОТ ПРЕМИЕР ЗА КОГО НЕ ВАЖИ ПРОТОКОЛОТ ЗА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА? ЗАРЕМ ХИМНАТА И НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА МОЖЕ ДА ГИ НАЛУТАТ ГРЦИТЕ, ПА ЗАТОА ЗАЕВ ТРЕБА ДА СЕ ПОНИЖУВА СО СЕЛФИ ФОТОГРАФИИ? НИЕ БАРАМЕ ЦИПРАС ДА ОДДАДЕ ПОЧИТ НА МАКЕДОНСКИОТ СИН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, А ЗАЕВ И ШЕКЕРИНСКА НЕ СМЕАТ ГЛАВНИТЕ МАКЕДОНСКИ ОБЕЛЕЖЈА ПРЕД СОПСТВЕНАТА ВЛАДА ДА ГИ ИСТАКНАТ! ОВА Е ТЕЖОК НАЦИОНАЛЕН СРАМ!
Посетата на Ципрас е манифестација на тешкото предавство кое немакедонската Влада му го стори на сопствениот народ. Ниту Македонскиот идентитет е обезбеден, ниту гаранциите за експресни ЕУ интеграции важат. Се е гола вода! Заев и Шекеринска се обидуваат да создадат лажна слика дека Грчките претриемачи благодарение на Уставните измени ќе ја препороделе Македонската економија. Тоа е таа нивна расипана логика, според која веруваат дека со пари се се’ купува! Е се лажат и тоа многу! Граѓаните во изминативе 27 години не виделе аир од Грчките инвестиции. Зарем штетниот монопол на ОКТА е успешна Грчка инвестиција? Или, сме ја заборавиле ли онаа народната „должен како Грчка“? Да не беа Меркел и Германската Влада, Грците ќе беа во доживотен банкрот! Нема лек за пелинот кој нацијата го чувствува и гледа затоа што изродите ги прифатија сите уцени на Грција и Бугарија!
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ЛЕГИТИМНИ! ЈАЛОВА Е ТРКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА! ТОА НЕ Е ВОЛЈА НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА КОЈА НИКОМУ НЕ ДАДЕ МАНДАТ ДА ГО СМЕНИ ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ!
ГРАЃАНИТЕ ЌЕ СИ ЈА ВРАТАТ ВЛАСТА СО ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ! СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА ПРАТЕНИЦИ КОИ МИСЛАТ СО СВОЈА ГЛАВА! СЕ ШТО Е НАШЕ ЌЕ СИ ВРАТИМЕ! БЕЗ КОМПРОМИСИ И ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ ЗА ГОЛА ВЛАСТ!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА