Потпишани повеќе договори за билатерална соработка меѓу Скопје и Атина

Премиерите на Република Северна Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас и министри од двете влади денеска во Скопје потпишаа повеќе договори за интензивирање на билатералната соработка.

Заев и Ципрас во рамки на зедничката седница на Високиот совет за соработка меѓу двете земји, потпишаа акциски план за зајакнување на сеопфатната соработка согласно Договорот од Преспа.

Договор за соработка во сферата на одбраната помеѓу министерствата за одбрана на Република Грција и Република Северна Македонија потпишаа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и незјиниот грчки колега Евангелос Апостолакис.

Меморандум за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и грчкото МНР за забрзување на процесот на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, потпишаа вицепремиерот за европски прашња Бујар Османи и заменик министерот за надворешни работи на Грција Ксија Анагстополоу.

Меморандум за разбирање помеѓу министерствата за транспорт и врски на двете земји потпишаа ресорните министри Горан Сугаревски и Христос Спирцис.

Сугаревски и Спирцис потпишаа и меморандум за разбирање за развој на патното и железничко поврзување на рутата Солун – Скопје – Табановце. Потпишан е и меморандум за соработка во сферата на транспортот, како и меморандум за соработка во енергетиката меѓу компаниите МЕР и ДЕСФА.

Договор за отворање на нов граничен премин меѓу двете земји за поврзување на Мајдан и Промахеј во Грција, потпишаа заменикот МНР Андреј Жерновски и грчкиот алтернативен МНР Ксија Анагстополоу.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *