Светска банка: Зголемување на економскиот раст, да се спроведат економски реформи

Светска банка  останува на проекциите за економскиот раст на државава кој годинава ќе изнесува 2,9 проценти  и очекува негово постепено зголемување до 3,2 процента во следната година. Во пролетниот редовен економски извештај за Западен Балкан  што беше презентиран денеска  се оценува дека  економскиот изглед на државата е позитивен и се препорачува  по подобрените политички изгледи акцентот да се стави на економските реформи.

Раст од 2,9 проценти СБ прогнозира и за Црна Гора, додека за Албанија проценува раст на економијата од 3,8 проценти, за Босна и Херцеговина од 3,4 проценти, за Косово 4,4 проценти, за Србија 3,5 проценти.

– Главни предизвици за растот се ниската и се помала продуктивност на локалните фирми, слабите државни институции, нискиот човечки капитал, неусогласеноста помеѓу вештините и промените во побарувачката на пазарот на труд и пречките од јавните политики  во однос на конкурентноста и инвестициите, се вели во извештајот. Стабилен извор на раст се очекува и понатаму да биде потрошувачката исто како и извозот од странските директни инвестици, стои во Извештајот на СБ за држвава.

Разрешувањето на прашањето со името се очекува да ги забрза преговорите за пристапување во ЕУ, со што ќе се зајакне довербата на инвеститорите и ќе се стимулира растот во наредните неколку години. Големите инфратсруктурни проекти, особено патиштата, како и прекинот на мораториумот на локалните власти за издавање градежни дозволи, според СБ, дополнително ќе ги поттикне инвестиците.

– По стагнацијата во 2017 година растот минатата година достигна 2,7  отсто, главно поради потрошувачката и нето  извозот, а се забележува и закрепнување на нето инвестициите. Невработеноста продолжи да се намалува и достигна  историски најниско ниво, но продолжи притисокот врз платите движен од недостигот на работна сила во некои сектори. Фискалниот дефицит во 2018 година се намали, но јавниот долг  продолжи да расте. Со подобрувањето на политичката перспектива земјата треба да стави повеќе акцент на економските реформи за да може да се забрзаат процесите на конверзија со ЕУ, рече на прес-конференција Бојан Шимбов економист од Канцеларијата на СБ во државава.

Владиното фискално сценарио за зголемување на односот помеѓу јавниот долг и БДП на 54,4 проценти во следната година, според Светска банка, бара силни структурни реформи за стабилизирање на долгот.

– Во делот на одржување на растот постои потреба не само да се одржи макрофискалната одржливост, што значи дека треба да се спроведат политики кои ќе спречат натамошно зголемување на долгот. Македонија сега е на ниво на 49 проценти од БДП, што може да се каже дека е умерено ниво на долг, меѓутоа има многу економии во Европа кои имаат помал долг  коишто можат побрзо да растат, така што треба да се направи рамнотежа помеѓу одржливите финансии и во исто време изноѓање на политики коишто ќе го поттикнат растот, оцени Сања Маџаровиќ Шујстер, виш економист за СБ во регионот.

Се очекува, како што посочи, зголемување на јавниот долг поради забрзување на изградбата на автопатиштата, но по нивното завршување ќе се намали.

Светска банка во препораките, како што рече Шујстер, смета и дека треба да се осигура  ефектот на странските директни инвестиции во локалната економија со зголемување на соработката  локалните добавувачи коишто треба да работат по стандарди.

– Пристапот до финансии претставува потреба. Македонија е една од државите од регионот која го стабилизраше својот финансиски сектор по   глобалната криза, можеме да видиме постојано намалување на нефункционалните кредити, адекватноста на капиталот на банкарскиот сектор е доста силна, но систем,от и натаму ево голема мерка е банкоцентричен и дел од бизнис секторот не добива соодветни услуги од банкараскиот сектор. Тоа се најчесто малите и средни претпријатија кои го споменуваат како проблем пристапот до финансии, големите трошоци за добивање кредит,  посочи Шујстер.

Во пазарот на трудот, како што дополни, од секои 100 жители  вработени се 26,  од кои осум во приватниот, а 18 во јавниот сектор.  Ова, потенцира, е многу голема односна зависност, многу малку луѓе го заработуваат приходот и плаќаат даноци со кои се плаќаат услугите за другите, како невработените, ранливите групи…

Одговарајќи на новинарски прашања, таа потенцираше дека е потребна сеопфатна реформа на јавната амдинистрација не само за потребите на фискалната ефикансост, туку и како дел од условите за  пристапување кон Европската унија. Фискалниот трошок за администрацијата треба да се ограничи, а во исто време да се стремиме кон подобрување на квалитетот на услугите.

– Со стратегијата која се изработува ќе има нови регулаторни агенции кои ќе бидат потребни  како  дел од европскиот процес, земјата ќе почувствува притисок од различни вештини за да се  апсорбираат грантовите од ЕУ и други активности, стратегијата треба да се насочи кон менување на вештините на луѓето  и во исто време да се урамнотежат фискалните трошоци во јкавната администрација, рече Шујстер.

Таа смета дека уште едно зголемување на минималната плата  ќе се одрази негативно во трудовоинтензивните дејности. Таквиот процес треба да се одвива паралелно со зголемување на продуктивноста.

Редовниот економски извештај на СБ за Западен Балкан е насловен „Потребно е забрзување на реформите“. Во него се потенцира дека и покрај посилниот раст во регионот во минатата година се создадени помалку работни места, односно само 96.000, што се одразило на ограничќена динамика во приватниот сектор. намалена е невработеноста, но останува висока  осбено за жените и младите.