Мицкоски на трибина во Струмица

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва пристуствуваше на трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во културниот центар „Антон Панов“ во Струмица.

Во обраќањето Мицкоски  истакна дека на Европа и требаа честити, принципиелни луѓе, а не луѓе коишто затварат цели планини за да скијаат, не луѓе коишто однапред договарат во четити очи зделки, не и требаат аболирани политичари,  луѓе коишто бараат евро за себе, а евро за црквата.

Претседателот Мицкоски пред граѓаните им се забралгодари на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Струмица Васил Пишев и Ванковер Манчев кои и покрај многу уцени, на 19 октомври останаа храбри и достоинстевени и го зачуваа браникот на својата татковикна Република Македонија.

Овој народ е честит, достоинствен, колку и да го корнеш, тегнеш, уништуваш тој повторно ќе изникне, ние сме пиреј колку господине Заев вие да не корнете, тегнете нема да не исчистите ќе останеме ќе се бориме, нема да заборавиме тоа што и го направивте на нашата таковина, порача Мицкоски од Струмица.

На трибината претседателот Мицкоски ги спомна и петте стумички студенти  којшто пролеаја крв за да може денеска овој народ да ужива во својата татковина, чие име и идентитет власта го смени.

Не ни треба бентли, не ни треба мерцедес, не ни требаат дворци, не ни требаат златници, убава е само една обична мисла од еден наш граѓанин, една пофалба тоа што го ветивте успеавте, тоа е она што нас не крепи и да излеземе од ова политичко мочуриште, материјалното е краткотрајно и не не прави среќни, посочи Мицкоски.

Тој порача дека на 21 Април граѓаните масовно ќе излезат и ќе му порачат на Заев и на СДСМ  дека се поразени и ќе се испратат во темната историја на Република Македонија

-И колку и да сака оваа власт да прикаже дека сме исти, не сме. Јас за разлика од Зоран Заев сум без хипотеки или без било какви долгови кон некого. Мене не ми требаше политиката за да станам успешен, јас влегов во оваа работа затоа што не сум човек кој седи со скрстени раце кога гледа дека се друго пропаѓа, затоа што кога ќе помине време сакам на моите два синови да им кажам да јас бев тој кој проба да ги смени работите, рече Мицкоски.

Тој додаде дека и кога ќе праша некој зошто се бориме, кажете му за правда и вредности.

-А правдата денес не може да ја постигне ниту она распаднато СЈО, ниту пак Кацарска судството или Рускоска Обвинителството. Причината е едноставна, тие се дивото месо на Заевизмот кои ја гушат правдата, и како куклен театар тој Заевизам ги игра куклите се додека преставата врви, а преставата иако на оној со куклите му одговора, за публиката е вистинска трагедија. Правда нема, изјави Мицкоски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *