Етно-ресторанот „Куќа на Мијаците“ награден со високо признание од Booking.com

Етно-ресторанот „Куќа на Мијаците“ добитник е на највисоко признание од Booking.com.

Веста за МИА ја соопшти менаџерот на ресторанот, г. Николче Димески, кој додава дека ова за него и за сите вработените претставува голема чест, но и предизвик за уште поголема ангажираност во постигнување што повисок квалитет на понудата и услугата, од која, како што додава и до сега посетителите се повеќе од задоволни, што го потврдува и добиеното прзнание.

– Од самите наши гости и од заменик директорот James Waters (Џејмс Вотерс), нашиот етно-ресторан е оценет како најдобар и најпопуларен ресторан, со високо квалитетна услуга и храна, прекрасен амбиент, и како таков е препознаен не само во Република Северна Македонија, туку и многу пошироко. Тоа е предизвик сите ние да работиме уште попосветено, за да измамиме уште повеќе насмевки и уште позадоволни посетители, – вели Димески.

Од почетокот со работа, во септември 2016 година, до денес, тука престојувале илјадници гости, намерни или сучајни патници, од земјава, регионот, Европа, па дури и од Израел и други земји од светот, кои секогаш биле со пофални зборови. По нивна препорака, во постојан раст е бројот на гостите.

– Секој е добредојден. Секој оној кој барем за миг сака да почувствува спокој во душата и да се релаксира од динамичното секојдневие. Нашите посетители добро знаат какво е чувството кога заспивате со жуборот на Радика, а се будите со звуците кои доаѓаат од прекрасната Бистра. Она што е исто така многу значајно е фактот што гостите имаат можност да го посетат и македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир, кој е во непосредна близина, – посочува Димески.

Етно ресторанот „Куќата на Мијаците“, е сместен на десната страна на регионалниот пат Дебар – Маврово, на аголот по патот кој води кон Бигорскиот Манастир.

Тој не е обичен етно-ресторан и хотел, во кој може да ги вкусите и запознаете мијачките врвни специјалитети, напротив тој е своевиден прв музеј на мијачката култура и традиција.

Изграден е по идеја на игуменот на Бигорскиот Манастир, Архимандрит Партениј и е олицетворение на богатата мијачка традиција, култура и архитектура.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *