Општина Пустец доби официјална веб страница

Општина Пустец  доби официјална веб страница www.bashkiapustec.gov.al. На страницата,која е достапна на албански и англски јазик може да се најдат информации за раководните структури на општината, активностите на локална власт, како и други информации од повеќе области во интерес на жителите на општината.

Според најавите набрзо веб страницата ќе биде достапна и на македонски јазик.

Проектот го спроведува Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Албанија, а проектен партнер е албанското Министерството за внатрешни работи.

Општина Пустец е наоѓа во јужниот дел на областа Мала Преспа каде на брегот на Преспанското Езеро се распослани девет населени места. Живеат околу 5.700 жители, сите од македонско етничко потекло.

Градоначалник на општината е Едмонд Темелко, кој на оваа функција е трет мандат, а сите членови на советот на општината се исто така етнички Македонци, од различни партии. Грбот на општината го содржи древниот македонски симбол Ѕвезда од Кутлеш над кое стои натпис на македонски Општина Пустец, а под него на албански. Тоа е всушност прв случај на официјална употреба на македонскиот јазик во Албанија.