Ќе се реконструира спортската сала во Куманово

Ќе се реконструира спортската сала во Куманово, информираше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски. Проектот за идејното решение е во завршна фаза. Општината го очекува решението кое ќе биде претставено на јавноста, по што ќе биде направена предмет пресметка за тоа колку ќе чини реконструкцијата на спортската сала.

Тој потсети дека при средбата со премиерот Зоран Заев и со министерот за внатршени работи Оливер Спасовски, одржана во Куманово во понеделникот било разговарано за повеќе проекти, меѓу нив и за реконструкција на спортската сала.

– Владата ќе обезбеди средства за реконструкција на постоечката спортска сала во општината. По подготовката на идејното решение ќе биде направена предмет пресметка, ќе се обратиме до Владата која што вети дека ќе учествува финансиски во овој проект, изјави Димитриевски.

Проектот го изработува компанијата „Геинг“ која го доби тендерот на јавна постапка распишана од општина Куманово. За овој проект вредноста изнесува 2,2 милиони денари.

-Ова е обврска на општината да ги уплати овие средства. Во меѓувреме водиме постапка со агенцијата за стопанисување со спортски објекти, која во 2005 и 2006-та година објектите ги дала на различни приватни концесионери да ги раскине тие договори, бидејќи не се испочитувани од нивна страна, тука е и Соколана и другите терени и објекти и да ги врати на стопанисување со одлука на Владата на оштината, со што таа би можела да се грижи и да стопанисува со нив и да ги стави на располагање на спортистите и клубовите, изјави градоначалникотДимитриевски.

Спортската сала во Куманово била изградена во 1980 година и има капацитет од над 4.000 места.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *