Писмена реакција за ЕУ повикот од ЕУ делегацијата во Македонија

ДОСТА Е ЛИЦЕМЕРИЕ! МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА И ДРЖАВА НЕ СЕ ПОЛИГОН ЗА ЕКСПЕРИМЕНТИ! ЕУ ВЕДНАШ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ГРАДИ АЛИБИ ЗА НЕПРИНЦИПИЕЛНИОТ ОДНОС КОН МАКЕДОНИЈА! ГРАЃАНИТЕ НЕ МОЖЕ ДА СТРАДААТ ЗАРАДИ НЕСПОСОБНОСТА НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! ТЕШКА НЕПРАВДА Е ПОСЛЕ ОБЕЗЛИЧУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ДА НЕ СЕ ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ!

 

Главните фактори во ЕУ ги измислија и на сила ги октроираа на власт Заев, Димитров и Шекеринска за да доследно и посветено ги спроведат предавствата на сопствениот народ со договорите со Бугарија и Грција. Како аргументи за убедување на Македонската нација, првенците на ЕУ и укажаа на немакедонската Влада јавно да ветува дека капитулациите ќе обезбедат забрзување на ЕУ интеграцијата која ќе донесе економски прогрес. Денешната писмена изјава на Самуел Жбогар со која ги повикува сите партии да го усвојат законот за СЈО е тешко лицемерие. За какво владеење на правото зборува ЕУ? Ако навистина се залагаше за право и правда ЕУ требаше да прифати дека Македонскиот народ не даде виза за Договорот Заев – Ципрас!

 

ЗОШТО ЕУ НЕ ГИ ОСУДИ ПРОВОКАЦИИТЕ НА ГРЧКИТЕ ВОЕНИ ПАРАДИ ВО АТИНА И СОЛУН КАДЕ СЕ ИЗВИКУВАШЕ  МАКЕДОНИЈА Е ГРЧКА, МАКЕДОНИЈА Е СЛАВНА? ДО КОГА САМО НИЕ ЌЕ ПОПУШТАМЕ? МАЛА ЛИ Е НЕПРАВДАТА СО ПИРИНСКА И ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА? ЈА ПРОЧИТАЛ ЛИ ЖБОГАР БИБЛИЈАТА? НЕМА НИТУ БУГАРИ, НИТУ ГРЦИ, СЕ ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНЦИ!

 

ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ТРЕБА ДА ПРЕСТАНАТ СИ ЈА ПРЕФРЛУВААТ ТОПКАТА ЗА ТОА КОЈ ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРЕН ДОКОЛКУ ЕУ НЕ НИ ОДРЕДИ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ. АМАН, ЕДНАШ НЕКА СМОГНАТ СИЛИ ДА СЕ ИЗДИГНАТ НАД ЛИЧНИТЕ И ТЕСНО ПАРТИСКИ ИНТЕРЕСИ. ЖАЛНО Е КОЛКУ СЕ НЕМА ВИЗИЈА!  ОПШТЕСТВЕНО – ПОЛИТИЧКИТЕ ТЕКОВИ СЕ ДВИЖАТ КОН КОНЦЕПТОТ НА СИЛНИ НАЦИИ! ЕВРОСКЕПТИЦИТЕ ЈАВААТ НА ТОЈ БРАН И ТАКА ЌЕ СЕ БОРАТ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ КОНТРОЛАТА ВО ЕУ! АКО ТОА СЕ СЛУЧИ, МАКЕДОНИЈА СО СМЕНЕТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ ЌЕ ОСТАНЕ ДОЛГО ВРЕМЕ НАДВОР ОД ЕУ! ТАКА ЌЕ СОНУВАМЕ ЗА ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ ПРОГРЕС! ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ЗНАЧИ СТАБИЛНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ, НО ЕУ ФОНДОВИТЕ СЕ КЛУЧНИ ЗА РАЗДВИЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА! НЕ СЛУЧАЈНО ГЕРМАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ПОДЕЛИЈА ШЛАКАНИЦИ НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! ПОРАКАТА Е БАДИЈАЛА ГИ РАЗДАВАТЕ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ КОГА НЕ ВЕ БИВА ЗА НИШТО ДРУГО!

 

НИЕ ЗНАЕМЕ И УМЕЕМЕ! БОРБАТА НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ДОПРВА ПОЧНУВА! СЕ ЌЕ СИ ВРАТИМЕ!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *