Писмена реакција за ТВ дуелот Заев – Мицкоски

Не постои подобра потврда дека претседателските избори уште пред да почне официјалната кампања се нелегитимни. Наводните консензуални, натпартиски кандидати се обична фарса. На Татковината и се потребни парламентарни избори, на кои граѓаните ќе ја испорачаат фактурата за раздавањето на Македонските национални интереси. Ако Мицкоски навистина сака да го делегитимира Договорот Заев – Ципрас тогаш е лицемерно да истакнува кандидат за Претседател на Северна Македонија. Иницијативата и средбата на Мицкоски со 8-те пребегнати пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, најавата дека може да ги врати во партијата, е штетна и става големо бреме на опозицијата, која после ова уште потешко ќе избега од својата одговорност за предавствата.

Заев е во тешка заблуда дека граѓаните ќе му простат заради НАТО и лажната надеж за ЕУ. Срамота е со каква упорност ги крева јадовите на Македонската нација повторувајќи Северна Македонија. Колку е лажно неговото тврдење дека Македонскиот идентитет е бетониран е пуштањето низ вода на нашите браќа и сестри во Егејска Македонија. Признанието на јавна сцена дека му е страв да не му се налутат Грците е нешто што политички ќе го прогонува и него и СДСМ.

ЕУ уште еднаш ја потврдува својата непринципиленост кон Македонија. Тешка неправда е после се што и направија на Македонската нација да не добиме датум за преговори. Ги создадоа, подржаат и ги донесоа на власт Заев, Димитров и Шекеринска за да ги прифатат сите уцени на Бугарија и Грција, и тоа не е доволно! Не може заради неспособноста и корумпираноста на немакедонската Влада да страда нацијата. Заев и Мицкоски се караат како жени на чешма кој ќе биде повеќе или помалку одговорен што нема да има соодветен прогрес кон ЕУ. Не можат да излезат од тесно партиските и лични интереси. Не ја гледаат големата слика. Немаат визија. Ако Европските скептици ја преземат контролата Македонија со сменето име и идентитет подолго ќе биде настрана од ЕУ.

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ЌЕ СИ ГО ВРАТИ СВОЕТО. НЕМА ПОВЕЌЕ КОМПРОМИСИ ЗА НАША ШТЕТА. ЌЕ СИ ГИ ВРАТИМЕ КОРЕНИТЕ! МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА ЌЕ БИДЕ ВОЗОБНОВЕНА! МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СВЕТИ СИЛНО!

СЦЕНАРИОТО ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ БИДЕ ОТФРЛЕНО! ЌЕ ИМА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ! ПОЛИТИЧКАТА МАПА ЌЕ ДОЖИВЕЕ ПРОМЕНИ НА ПОДОБРО! ТАТКОВИНАТА МОРА ДА ИМА ПРАТЕНИЦИ СО ИНТЕГРИТЕТ КОИ ЌЕ МИСЛАТ СО СВОЈА ГЛАВА!

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *