Општина Струмица со висок процент на наплата на даноците

Општина Струмица лани остварила над 10 проценти повеќе вкупен приход од даноци и такси во споредба со 2017 година. Наплатени се вупно 81.427.070,00 денари и тоа од даноци 68.944.821,00 денари, а останатите 12.482.249,00 денари се од наплата на такси.

Според информациите од Одделението за администрирање на приходи, кај данокот на имот од физички и правни лица реализирана е вкупна наплата од 22.831.885,00 денари или 90,57 проценти.

Кај данокот на промет на недвижности остварена е наплата од 43.817.131,00 денари или 100 проценти, а стопроцентна наплата има и кај данокот на наследство и подарок при што со наплатени 2.195.805,00 денари.

Единствено во делот на комуналната такса (фирмарина) остварена е помала наплата од планираната. Наплатени се 10.386.761,00 денари,односно 58,93 проценти, а 2.095.488,00 денари се наплатени од други видови на такси (користење на простор, музика, плоштади).

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *